Политика за приватност
Вторник Април 30, 2024

ZastitaLicniPodatoci

 

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Државниот пазарен инспекторат со седиште на ул. Луј Пастер бр. 1 спрат 2 во Скопје, Република Северна Македонија.

Државниот пазарен инспекторат е орган, во состав на Министерството за економија во својство на правно лице. Државниот пазарен инспекторат (во натамошниот текст – ДПИ) врши инспекциски надзор над примената на законите и прописите донесени врз основа на закон во работењето на трговските друштва, правни и физички лица кои вршат дејност на територијата на РС Македонија, а кои најчесто се однесуваат на примената на прописи од областа на забраната и спречување на вршењето на нерегистрирана дејност, безбедноста на производите, заштита на потрошувачите, дејностите од областа на трговијата, угостителството, туризмот, занаетчиството, заштита на правата од индустриска сопственост како и други работи определени со закон.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци собираме ?

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  1. Посетители на нашата интернет страна www.dpi.gov.mk . Вообичаено собираме податоци за навигација и одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте во нашата Политика за користење на колачиња ... 
  2. Баратели (подносители на пријави и претставки) и други физички лица во врска со поднесување на барања, иницијативи за спроведување на инспекциски надзор. Овие барања/иницијативи содржат информации за идентитетот на подносителот на барањето и податоци на други правни или физички лица вклучени во барањето кои се потребни за постапување согласно нашите овластувања наведени во Законот за инспекциски надзор, Законот за државен пазарен инспекторат и други прописи.
  3. Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 Категории на податоци кои се обработуваат

1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на ДПИ;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за постапување по иницијативи, вршење на инспекциски надзор, утврдување на тоа дали се прекршени одредени Ваши права како потрошувачи, остварување на Вашите права, санкционирање, известување на подносителите на иницијатите или барање на било која друга административна услуга од ДПИ.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на барањата и/или иницијативите кои пристигнале, во форма која не открива нечиј идентитет.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање (види Пријава од граѓани);
  • преку пошта (препратени пријави/претставки-иницијативи од други органи за постапување во наша надлежност, иницијативи или налози од Инспекцискиот совет),
  • преку достава на Вашето барање лично во архивата на ДПИ.

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на ДПИ, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на препраќање на Вашите иницијативи, пријави за постапување во надлежност на други инспекторати и органи.
  • по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ДПИ.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Садета Бекироска на следниов e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Право на поднесување на барање до ДПИ

Ако сметате дека начинот на кој ДПИ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до ДПИ.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Со почит,

Државен пазарен инспекторат, 

 

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)