Вести
Вторник Април 30, 2024

Вести

Од страна на WEglobal Team Macedonia успешно беше организирана тридневна студиска посета во Будимпешта за Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија.

Целта на оваа посета е размена на практиките за супервизија на е-трговија во унгарските институции, со акцент на надзорот на е-трговијата и заштитата на потрошувачите.

Посетата беше поддржана од проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“ финансиран од Европската Унија

budapest 1 budapes 2 budapes3 budapest 4

 Трајковски

Државниот пазарен инспекторат нема да го чека утрешниот ден, односно целосното завршување на одлуките, туку како и до сега, во континуитет, така и денес излегуваме на терен и ќе извршуваме надзори во сите големи маркети во Република Северна Македонија, по сите закони по кои постапува пазарниот инспекторат.

Во изминатиот период, пазарниот инспекторат беше на ниво на својата задача и во интерес на сите засегнати страни, а најмногу во интерес на граѓаните, постапувавме и не дозволивме никој да применува нечесни трговски практики, а со тоа и да не ги почитува антикризните мерки донесени од страна на Владата. Вака ќе продолжиме да постапуваме и во иднина, а секое постапување спротивно од законите кои се во наша надлежност ќе биде казнето.

Апелирам и до трговците на мало, но и до трговците на големо, да бидат општествено одговорни и да ги прилагодат цените во согласност со стандардот на граѓаните.

Пазарниот инспекторат при надзорите ќе опфати поширок обем на закони за постапување, како што се Законот за заштита на потрошувачите, Законот за трговија, Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, Закон за инспекциски надзор, Закон за државен пазарен инспекторат итн.

Повеќе пати напоменав, а ќе повторам и сега, дека никој не е над законот, а оној кој ќе применува нечесни трговски практики и ќе ги прекрши законите, ќе биде санкциониран, а во зависност од сторениот прекршок, заклучно со денес, постои можност и за затворање на објекти  за вршење дејност на определен временски период.

Потрошувачот може да бара замена на потрошувачката стока во случај кога потрошувачката стока е веќе поправана три пати во текот на гарантниот рок, независно од причината за поправање, како и во случај кога потрошувачката стока е веќе поправана два пати во текот на гарантниот рок од иста причина за поправање.

Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk

 

На 09.02.2024 година, Пазарниот инспекторат одзема текстилна стока во вредност од над 390.000 денари, во координирана акција со ОВР Радовиш.

Сторен е прекршок по Законот за трговија, односно на територија на градот Радовиш,  физичко лице е затекнато како продава текстил без соодветна документацијa.

Работиме во име на граѓаните и постапуваме без селекција!

Image 2024 02 13 at 12.51.19 e04cd885Image 2024 02 13 at 12.51.17 ed63a1d4Image 2024 02 13 at 12.51.17 06178faa

На 07.02.2024 година, претставници од Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија, беа во посета на Државниот пазарен инспекторат во Република Косово.

Целта на оваа посета беше размена на искуства и знаења за практиките имплементирани во двете институции, начинот и соработка со други институции, како што се Царинска управа, Организација на потрошувачи итн. и презентација на спроведувањето на законодавството поврзано со безбедноста на производите. Воспоставувањето на соработка помеѓу двете институции ќе придонесе за подобрување на меѓуграничната соработка и размена на информации за небезбедни производи.

Проектот “Поттикнување на заедничкиот регионален пазар преку квалитетна инфраструктура и е – трговија„ има за цел да обезбеди да обезбеди поддршка на ЦЕФТА страните во зајакнувањето на основните аспекти на инфраструктурните системи за квалитет во согласност со барањата на ЕУ, да го стимулира слободното движење на индустриските стоки и да обезбеди фер конкуренција и заштита на потрошувачите преку подобрен систем за надзор на пазарот.

Овој проект е спроведен од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) во соработка со Gерманското Министерство за економија и развој и Европската комисија.

IMG 20240213 WA0001

IMG 20240213 WA0002

IMG 20240213 WA0003

IMG 20240213 WA0004

Погледнете го видеото и дознајте како и во кои услови се врши замена на производи!
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk

Државниот пазарен инспекторат започнува циклус на едукативни и промотивни материјали, преку кои граѓаните ќе можат подобро да се запознаат со надлежностите на пазарниот инспекторат и начинот на пријавување неправилности.
Првиот циклус го започнуваме со Законот за заштита на потрошувачите! Погледнете го видеото и дознајте повеќе за вашите права како потрошувачи!
Пријавете неправилност во пазарниот инспекторат на 02/191 или на www.dpi.gov.mk

На 27 октомври 2023 година, во просториите на Министерството за финансии се одржа конститутивен состанок на Националниот совет за формализација на неформалната економија каде дискутиравме за реализација на активностите од Акциски план за формализирање на неформална економија 2023 – 2025 година кој е во надлежност на Министерството за финансии и останати сродни институции, меѓу кои е и пазарниот инспекторат.

Преку Акцискиот план ќе дејствуваме во насока на креирање системско решение за детектирање на нерегистрирани продавачи на социјалните медиуми и веб страни, зајакнување на санкционирањето на субјектите кои делуваат во неформалната економија и зголемување на свесноста за штетните ефекти од непријавена  работа и купување производи од неформалниот сектор.

Пазарниот инспекторат има активна улога во сузбивањето на нелегалната трговија и постојано изнаоѓаме начини како да се реши овој нечесен начин на работење. Сериозноста на овој проблем и обемот на штетите што нелегалната трговија ги предизвикува, бара постојано дејствување во спречувањето на  нелегалниот промет на стоки и услуги. Преку овие активности ја штитиме конкурентноста, ќе се спречи затајувањето на данок, а дополнително се штитат и граѓаните од нелегалните стоки пуштени во промет.

Image 2023 10 30 072dae06

Image 2023 10 30 1ee97b40

Image 2023 10 30 f6d575db

На 4 октомври 2023 година во Скопје се одржа работилница за „Оцена на сообрзаност заснована на ризик“ во рамки на проектот „Зајакнување на внатрешен пазар“. На работилницата присуствуваа инспектори од сите одделенија на Државниот пазарен инспекторат.

Целта на работилницата е оцената на сообразноста на производот која  е клучен дел од усогласените прописи за производите на пазарот е од суштинско значење за ефективна проценка на ризикот и управувањето со пазарниот ризик.

Работилницата ја опфаќа правната основа што ја поткрепува оцената на сообразноста и процесот во контекст на ризикот на производот и надзорот на пазарот, проследено со дискусија за системите за управување со квалитет и како тие влијаат на безбедноста на производот и сообразноста. Документацијата која е генерирана како дел од процесот беше презентирана во детали, што ќе доведе до развој на техники за испитување на документи кои ќе им помогнат на инспекторите кога истражуваат, проценуваат ризик и одредуваат корективни мерки за небезбедни производи.

Предавач на работилницата беше Марк Гардинер, експерт ангажиран како дел од проектот на ЕУ.

Проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на внатрешниот пазар“ ќе ги зајакне капацитетите на Владата на Северна Македонија за натамошно усогласување со правото на ЕУ во областа слободно движење на стоки и услуги и зајакнување на надзорот на пазарот за заштита на правата на потрошувачите. Понатаму, земјата ќе биде поддржана во воспоставување подобра регулатива за функционирање на компаниите. Поконкретно, проектот ќе:

-         инвестира во подготовка на Министерството за економија (МЕ) за изготвување и следење на имплементација на новата законска регулатива во областа на слободното движење на стоки и услуги и да се применуваат корективни мерки каде што е потребно;

-         воспостави функционална точка за единствен контакт во согласност со барањата од Директивата за услуги на ЕУ

-         обезбеди поддршка на надзорот на пазарот преку функционална реорганизација на Државниот пазарен инспекторат

-         ја надгради методологијата за надзор и воведување нови алатки, олеснување на работата на пазарните инспектори, како и методолошка синхронизација меѓу различните субјекти за надзор на пазарот.

Проектот е поделен на 5 компоненти, а пазарниот инспекторат е дел од Компонента 4: Градење на капацитетите на националните тела за ефикасен и ефективен  надзор на пазарот и заштита на потрошувачите.

Image 2023 10 26 41ad6f57

Image 2023 10 26 81d3b951

Image 2023 10 26 f9a97306

Од 16-18 октомври 2023 година, во Црна Гора се одржа конференција на тема „Иновативни пристапи во сузбивањето на нелегалната трговија“.

На конференцијата како панелисти присуствуваа директорот на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, и инспектори од пазарниот инспекторат.

Нашата институција беше вклучена во темата за ефикасен надзор на нелегалната трговија, каде директорот Трајковски потенцираше „ Пазарниот инспекторат има активна улога во сузбивањето на нелегалната трговија и постојано изнаоѓаме начини како да се реши овој нечесен начин на работење. Споделив искуства кои сме ги имале како институција во оваа област и начини на кои се справуваме за искоренувањето на нерегистрираните трговци.

И во иднина ќе продолжиме да вршиме инспекциски надзори врз основа на надлежностите утврдени со законите за нелегална трговија. Сериозноста на овој проблем и обемот на штетите што нелегалната трговија ги предизвикува, бара постојано дејствување во спречувањето на  нелегалниот промет на стоки и услуги. Преку овие активности ја штитиме конкурентноста, ќе се спречи затајувањето на данок, а дополнително се штитат и граѓаните од нелегалните стоки пуштени во промет кои може да имаат сериозен негативен импакт врз нивното здравје.“

Дополнително, панелисти беа и инспекторите во делот за непочитување на правата од индустриска сопственост.

Оваа конференција ќе биде поттик, поддршка, искуство и знаење за во иднина инспекторатот самостојно, но и со другите сродни – надлежни органи да врши засилени контроли со цел спречување на нелегалната трговија.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)