Заштита на лични податоци
Вторник Април 30, 2024

ZastitaLicniPodatoci

 

Контакт податоци на Офицерите за заштита на лични податоци во Државен пазарен инспекторат:
:   Садета Бекироска - советник инспектор
:   ++389 (0)2 3220547
:   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Информација за правата на субјектот на лични податоци

Електронското пријавување – пораки во Државниот пазарен инспекторат Ви овозможува во било кое време, брзо и едноставно да пријавите неправилности во работењето на субјектите кои вршат дејност во негова надлежност, на неправилности во работењето на овластените службени лица кои вршат непосреден инспекциски надзор, мито и корупција во типизираните е-формулари кои се достапни на веб страницата на Инспекторатот.

Пополнетите и испратени пријави автоматски се доставуваат до организационите единици во Државниот пазарен инпекторат од каде се препраќаат на постапување до надлежните служби на Инспекторатот. Анонимноста и дискрецијата на корисниците е обезбедена во целост.

Законот за заштита на личните податоци му дава право на субјектот на лични подастоци да знае кои лични податоци контролорите ги собираат, обработуваат и чуваат за него и дали тие работат законито.

Заштитата за личните податоци во Државниот пазарен инспекторат се остваруваат на два начина:

1.   Од една страна Државниот пазарен инспекторат мора да се придржува кон принципите за заштита на личните податоци, со кои се гарантира дека истите се:
    обработуваат во согласност со закон;
    собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели;
    обработуваат на начин што е во согласност со тие цели;
    соодветни, релевантни и не се преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат;
    точни, целосни и по потреба ажурирани при што ќе се избришат или коригираат податоците што се неточни или нецелосни; и
    чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка.
2. Од друга страна субјектот на лични податоци има право:
    да биде информиран за идентитетот на контролорот и неговиот претставник во Република Македонија;
    да оствари увид во збирката на лични податоци;
    да знае кои лични податоци се чуваат за него во електронска или во хартиена форма;
    да ги знае целите на обработката на неговите лични податоци;
    да ги знае корисниците или категории на корисници на податоците;
    да не се согласи со употребата на податоците за комерцијални цели или нивни пренос на трети лица заради такви цели;
    на пристап и исправка на податоците.

Доколку Ви е одбиено барањето да извршите увид во збирката со лични податоци односно Ви е оневозможено правото на пристап, исправка или бришење на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Дирекцијата за заштита на личните податоци.

НАПОМЕНА Правата на субјектот на лични податоци се пропишани со член 16,17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци (Сл. Весник на РСМ бр. 42/2020).

 Прочитајте повеќе за:

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
 
ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ КОЛАЧИЊА (cookies)

 

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)