Соопштенија
Вторник Октомври 21, 2025

Согласно одредбите од Законот за угостителска дејност (Сл.весник на РМ број 62/04....129/15) од 15.02.2016 година па се до 31.05.2016 година, работното време на угостителските објекти е за еден час пократко.

Тоа значи дека:

  • Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги може да работат од 07:00 до 24:00 часот.

Во деновите петок и сабота, како и спроти празнични и празнични денови работното време е до 01:00 часот.

  • Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот, а во деновите петок и сабота, спроти празници и празници до 05:00 часот.
  • Диско клубовите се со работно време од 19:00 до 04:00 часот во работни денови, односно до 06:00 часот во деновите петок и сабота, како и спроти празнични и во празнични денови.

Државниот пазарен инспекторат, согласно своите надлежности ќе ги интензивира инспекциските надзори над почитување на одредбите од Законот за угостителска дејност, посебно делот за работното време, а ќе се зголеми и бројот на надзорите за почитување на Законот за заштита од пушење во угостителските објекти како и надзорите над одредбите од Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација