Вести
Четврток Април 16, 2026

За време на викендот што измина пазарниот инспекторат во координација со МВР спроведе акциски контроли во угостителски локали кадешто се организираат забави за малолетници (junior забави), при што беше констатирано дека се точи и продава алкохол на малолетни лица.

Точењето алкохол на малолетници е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат фатени како точат алкохол на малолетници се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец, а за повторување на делото може да следува и целосна забрана за работа. – велат од инспекторатот.

„Апелирам ваквата појава веднаш да престане! Апелот го упатувам и до угостителите, но и до родителите.

Родители, разговарајте со децата за штетноста од конзумирањето на алкохол, бидејќи се работи за нивно добро и здравје.

Заедно со колегите од инспекторатот, но и со другите надлежни институции, и понатаму ќе спроведуваме интензивни заеднички акции со цел спречување на ваквите случувања. Секој кој ќе го прекрши законот, нема да биде поштеден од изрекување на соодветна санкција!“ - потенцираше директорот, Трајковски

2023 06 12 at 13.18.48

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација