Во период од 17.02.2025 до 23.02.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 371 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 82 прекршочни платни налози во вредност од над 2,913,953 денари, односно по :
- Закон за трговија извршени се 106 надзори издадени се 9 прекршочни платни налози;
- Закон за Државен пазарен инспекторат извршени за 2 надзори издадени се 4 прекршочни платни налози;
- Закон за заштита од пушење извршени се 24 надзори и издадени се 3 прекршочни платни налози;
- Закон за метрологија извршени се 9 надзори и издадени се 2 прекршочни платни налози;
- Закон за угостителска дејност извршени се 44 надзори и издадени се 2 прекршочни платни налози;
- Закон за занаетчиство извршени се 42 надзори и издадени се 1 прекршочни платни налози;
- Закон за постапување по претставки и предлози извршени се 3 надзори и издаден е 1 прекршочен платен налог;
- Закон за финансиска дисциплина извршени се 135 надзори и издадени се 60 прекршочни платни налози;
- Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност извршени се 6 надзор не се издадени прекршочни платни налози.
Изречени се 5 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамки на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.
Пазарниот инспекторат постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk














