Соопштение за извршени инспекциски надзори во период од 13.10.2025 до 19.10.2025 година
Во период од 13.10.2025 до 19.10.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 326 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 57 прекршочни платни налози во вредност од над 1.850.860,00 денари, односно по:
· Закон за трговија, извршени се 82 надзори, издадени се 5 прекршочни платни налози;
· Закон за заштита од пушење, извршени се 10 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за угостителска дејност, извршени се 28 надзори, издадени се 11 прекршочни платни налози;
· Закон за туристичка дејност, извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за заштита на потрошувачи, извршени се 33 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за општа безбедност на производи, извршени се 3 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за занаетчиство, извршени се 28 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за финансиска дисциплина, извршени се 129 надзори, издадени се 41 прекршочни платни налози;
· Закон за такса за привремен престој, извршени се 3 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за индустриска сопственост, извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, извршен е 1 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, извршени се 4 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за метрологија, извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за инспекциски надзор, извршен е 1 надзори, не се издадени прекршочни платни налози.
Изречени се 14 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамките на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи.
Државниот пазарен инспекторат постапува во согласност со законите и годишниот и месечен план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и други институции согласно законската регулатива.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk














