Вести
Четврток Април 16, 2026

Вести

После 23 години работење и делување во просториите на ул. 11 Октомври бр. 118 во Скопје Државниот пазарен инспекторат од денес се пресели на нова локација на ул. Луј Пастер бр.1 спрат 2 и 3.

Од осамостојувањето на Р. Македонија, за прв пат Инспекторатот добива свои сопствени простории за што благодарноста оди до Владата на Република Македонија која покажа разбирање за тешките услови во кои досега работеше Инспекторатот.

Во врска со информациите кои се појавија во јавноста со кои државата или поточно Државниот пазарен инспекторат и Царината беа обвинети дека дозволуваат увоз на мазут од Република Србија кој не ги исполнува стандардите за квалитет и не издаваат забрана за увоз на истиот Ве информираме за целиот случај.

Државниот пазарен инспекторат постапувајќи по писмена претставка од Рафинерија за нафта Окта АД Скопје за постоење на сомнежи дека од страна на Фени Индустри се врши увоз на мазут од Србија со несоодветен квалитет односно кој не ги исполнува сите пропишани параметри со Стандардот за квалитет за М-1 МКС Б.X2.430:1999 и важечкиот Правилник за квалитет на течни горива (Сл. Весник на РМ бр.88/2007; 91/2007; 97/2007; 105/2007; 157/2007; 15/2008; 78/2008; 156/2008 и 81/2009). на ден 04.05.2018 година изврши инспекциски надзор над 6 (шест) еднокоморни цистерни кои од Република Србија превезуваат мазут М-1 за потребите на Фени Индустри Кавадарци.

 ИЗВАДОК од нацрт - записникот од Педесет и трета седница на Влада на Р.М. одржана на 06.02.2018 гoдина
 pdfПРЕВЗЕМЕТЕ ....

Во периодот од 18.05 до 22.05.2015 година, од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 811 надзорни контроли, од кои: кај 314 субјекти е извршена контрола според Законот за трговија, кај 108 субјекти според Законот за угостителска дејност, кај 82 субјекти според Закон за заштита од пушење,  кај 191 субјекти според Законот за занаетчиска дејност, кај 94 субјекти според Законот за заштита на потрошувачи, кај 19 субјекти според Закон за трговски друштва, кај 83 субјекти според Законот за метрологија, кај 1 субјект според Законот за претставки и предлози, кај 1 субјект според Законот за индустриска соопственост, кај 1 субјект според законот за индустриска сопственост, според Законот за акцизи, кај 3 субјекти и според Законот за туристичка дејност, кај 14 субјекти.

Во соработка со Американската стопанска комора во Република Македонија на ден 28 Април, 2015 година, во Скопје, по повод Светскиот ден на интелектуална сопственост се одржа работилница за инспекторите на Државниот пазарен инспекторат на која што присуствуваа и претставниците на Министерството за внатрешни работи.

Во рамките на „Регионалниот проект за надзор на пазарот“ на 7 и 8 Април во Скопје се одржа регионална работилница, семинар за соработка меѓу претставници на пазарните и царинските органи.

Настанот беше организиран со цел зголемување на свеста и зајакнување на соработката меѓу институциите одговорни за надзор на пазарот, т.е меѓу пазарниот инспекторат и царинските органи и преку заедничка дискусија и презентација од меѓународните експерти се дискутира за имплементација на европската регулатива од оваа област.(Регулатива 765:2008).

Државниот пазарен инспекторат - Одделение за инспекциски надзор Скопје на ден 31.03.2015 година, изврши инспекциски надзори над работењето на физички лица кои вршат трговија на мало со разни производи на ул. Лазар Личеновски бб (под Кале).

Надзорите се извршија во координација со претставници од Министерството за внатрешни работи, во период од 08.30 до 12.00 часот.

Државниот пазарен инспекторат ги известува сите правни субјекти - вршители на угостителска дејност дека во периодот што следува ќе ги интензивира инспекциските надзори кај угостителите кои вршат угостителска дејност надвор пред деловниот објект.

Од тие причини потребно е сите угостителски објекти да обезбедат одобрение за вршење на угостителска дејност пред објект (чл.8 од Законот за угостителска дејност) издадена од градоначаникот на општината,а во градот Скопје од градоначалникот на град Скопје.

Завршната конференција на проектот „Заеднички акции за надзор на пазарот“ се одржа на 24 и 25 јуни во Белград, Р. Србија. Kонференцијата претставуваше сублимат на 9-месечните активности спроведени во рамките на регионалниот проект со фокус на заеднички избор на производот, земањето примероци, тестирање и проценка на ризикот.

Во проектот учествуваа инспекциските органи на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Овие активности се дел од „Регионалниот проект за надзор на пазарот“ кој во овој момент се имплементира во рамките на Отворениот регионален фонд за промоција на трговијата. Проектот го имплементира ГИЗ (Deutsche Gesellschaft fuer Internationale Zusammenarbeit), а е финансиран од Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија.

Во рамките на регионалниот проект „Унапредување на координацијата и соработката на институциите за надзор на пазарот на земјите од југоисточна Европа“ имплементиран од ГИЗ и финансиран од Министерството за економски развој и соработка на Германија, представници на органите за надзор на пазарот од југоисточна Европа учествуваа на 3 – дневна заедничка акција за надзор на пазарот.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација