Вести
Четврток Април 16, 2026

Вести

Проектот „Зајакнување на внатрешен пазар“ е финансиран од Европската Унија, со цел  да ги зајакне капацитетите на Владата на Северна Македонија за натамошно усогласување со правото на Европската Унија во оваа област и зајакнување на надзорот на пазарот за заштита на правата на потрошувачите. Понатаму, земјата ќе биде поддржана во воспоставување подобра регулатива за функционирање на компаниите.

Во рамки на овој проект кој се спроведува во Министерството за економија и чија четврта компонента е поврзана со работата на Државниот пазарен инспекторат, беше организирана дводневна работилница на тема: Договори на далечина и договори вон деловните простории на трговецот, како и електронска трговија.

Главната цел на оваа работилница е да се пренесе добро искуство и пракса базирана на ризик и компетентност за оценување од земјите на ЕУ. Оваа обука за надзор базиран на ризик вклучува развој, примена, управување со ризик, проценка на ризикот, барања за надзор базирани на ризик и препораки за тоа како да се избегнат чести грешки во процесот на проценка на ризикот.

На работилницата беа презентирани материјали поврзани со  Поглавје 4 од новиот Закон за заштита на потрошувачи  и тоа за продажба преку интернет и продажба вон деловните простории на трговецот во ЕУ, овластувања на инспекторите да вршат надзор на пазарот во рамките на надлежностите на овој закон во врска со продажба на далечина и продажба вон деловните простории на трговецот, значење на конкретни термини кои се користат во Законот, кои се правата на потрошувачите и одговорности на трговецот и мерки кои треба да се споредат од страна на инспекторите. На симулативен начин беше составен записник од извршен надзор, а учесниците – инспектори од сите одделенија на ДПИ, добија студии на случај преку решавање практични примери.

Работилницата ја водеше Андрејка Грлиќ, која е експерт во оваа област, и ќе изготви Упатство за работа поврзано со поглавје 4 од новиот закон за заштита на потрошувачи кое ќе им помогне на инспекторите за тоа како треба да постапуваат кога вршат надзор поврзан со ова поглавје.

 

IMG 20230928 WA0001
IMG 20230928 WA0002
IMG 20230928 WA0003
IMG 20230928 WA0004
IMG 20230928 WA0005
IMG 20230928 WA0006
Image 2023 09 28 1
IMG 20230928 WA0008
IMG 20230928 WA00013
IMG 20230928 WA0009
IMG 20230928 WA00010
IMG 20230928 WA00011
IMG 20230928 WA00012
IMG 20230928 WA00014
Image 2023 09 28 2
IMG 20230928 WA00015
IMG 20230928 WA0007

Денес, директорот на пазарниот инспекторат Горан Трајковски, заедно со премиерот на Владата Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши, беше во посета на компанијата „Алма – М“ – дистрибутивен центар во Визбегово.

„Благодарам на компанијата Алма – М за гостопримството и драго ми е што има општествено одговорни компании кои работат и во интерес на граѓаните, но и во исто време доследно ги почитуваат законските обврски. И овие компании треба да им бидат пример и на останатите трговци.“ – изјави Трајковски

„Пазарниот инспекторат е на терен! Контролираме дали трговците ги усогласиле цените со Одлуката донесена од Владата.

Трговците имаат обврска да ги намалат цените за најмалку 10%, сметајќи ја цената на производите од Одлуката која се применувала на 1 август во тековната годината, како референтна цена, а сите намалени производите треба да имаат ознака ГАРАНТИРАНА ЦЕНА!

Трговците кои вршат трговија на големо имаат обврска да одобруваат рабат во висина од 5% и да им ги продаваат месечно производите од Одлуката на трговците на мало во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година!

Од денес пазарната инспекција е на терен и прави контроли преку кои ќе утврди дали трговците ги усогласиле цените со Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед (Сл. Весник на РСМ бр. 195/23) донесена од Владата.

Трговците имаат обврска да ги намалат цените за најмалку 10%, сметајќи ја цената на производите од Одлуката која се применувала на 1 август во 2023 година, како референтна цена и тоа на 25 категории на прозводи односно над 800 производи:

Денес заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, се одржа состанок со претставници од големите трговски ланци на маркети. На состанокот се разговараше за изнаоѓање заеднички решенија, кои ќе бидат прифатливи и за трговците, но и за потрошувачите. Заеднички е констатирано дека цените се енормно зголемени, и има разбирање и согласност од сите засегнати страни за намалувањето на цените.

Денес, во Државниот пазарен инспекторат се одржа работна средба со министерот за економија, Крешник Бектеши, претставници од министерството за економија и раководителите на одделенијата за инспекциски надзор на пазарниот инспекторат од цела Македонија. На работната средба се разговараше за моменталната ситуација во пазарниот инспекторат, стратегија за подобрување на работата на инспекторатот и следни активности што ќе се одвиваат во институцијата.

Во наредниот период ќе следи измена на дел од законите кои се во надлежност на инспекторатот, со цел да се зголеми ефикасноста и ефективноста на надзорите, и воопшто на целата работа во инспекторатот.

Во рамки на проектот "Зајакнување на внатрешниот пазар", се изврши презентација на "Стратегија и препораки за реорганизација на работата во Државниот пазарен инспекторат". Оваа стратегија ќе помогне,  во подобрувањето на работата на инспекторатот, а потоа доближување, па и целосна имплементација на регулативите на Европската Унија од оваа област.

Стратегијата има зa цел да го подобри усогласувањето на националната правна рамка  на внатрешниот пазар на Република Северна Македонија со правната регулатива на Европската Унија. Примарниот фокус е слободното движење на стоки и услуги, заштита на правата на потрошувачите и подобрување на регулативата за деловните-бизнис функции. Понатаму, вклучува мерки за градење капацитети чија цел е доследно спроведување на законите и подобрување на новите воспоставени процеси и структури.

За време на викендот што измина пазарниот инспекторат во координација со МВР спроведе акциски контроли во угостителски локали кадешто се организираат забави за малолетници (junior забави), при што беше констатирано дека се точи и продава алкохол на малолетни лица.

Точењето алкохол на малолетници е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат фатени како точат алкохол на малолетници се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец, а за повторување на делото може да следува и целосна забрана за работа. – велат од инспекторатот.

„Апелирам ваквата појава веднаш да престане! Апелот го упатувам и до угостителите, но и до родителите.

Родители, разговарајте со децата за штетноста од конзумирањето на алкохол, бидејќи се работи за нивно добро и здравје.

Во рамки на проектот за „Зајакнување на внатрешниот пазар“ се одржа работилница за Регулативата за лична заштитна опрема.

Главната цел на оваа работилница беше да се информираат учесниците и да се сподели знаење за од областа опфатена со Регулативата за лична заштитна опрема ЕУ 2016/425, со споредба на моменталната состојба во Северна Македонија, со што ќе се обезбеди увид во институциите и подготовката на новиот подзаконски акт за лична заштитна опрема.

За време на работилницата се одржаа презентации за новата законодавна рамка (NLF) 765/2008/Е3 и768/2008/Е3, стариот и новиот пристап на ЕК за техничко усогласување и моменталната состојба на усогласување со законодавството во земјата.

Дополнително, беше опфатена Директивата за низок напон (LVD) 2014/35/EU, правниот и техничкиот дел, односно опрема во опсегот на LVD, цели на безбедноста, употреба на хармонизирани и други стандарди, оцена на сообрзаност според LVD, техничка документација, DoC, внатрешна контрола на производството, барања за надзор на пазарот, принцип на безбедност за електрична опрема, основни безбедности стандарди, опасност од пожар и топлина, проценка на ризик за електрична опрема и тестирање на безбедноста на производите.

На работилницата присуствуваа вработени од Државниот пазарен инспекторат на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а говорник беше експертот Анте Фузул.

Од извршените инспекциски надзори врз основа на Одлуките на Владата кои се однесуваат на овошјето и зеленчукот, затечени се  поголем број на нерегистрирани трговци. Со цел да се сузбие нелојалната конкуренција предизвикана од нерегистрираните трговци, пазарниот инспекторат во наредниот период ќе спроведува и надзори за утврдување на нерегистрирана дејност врз основа на Законот за трговија. Освен кај оние кои продаваат овошје и зеленчук, надзори ќе се вршат и кај сите останати трговци, за сите производи низ целата територија на Република Северна Македонија. Во случај да се затекне нерегистриран трговец, освен изречена казна, ќе следува и целосно одземање на производите кои ги продава.

Упатуваме апел до оние кои вршат нерегистрирана дејност, во најбрз можен рок да извршат регистрација, која е многу едноставна и нема да им одземе повеќе од 2 дена.

Доколку оставиме простор да се проширува нелојалната конкуренција која ја создаваат нерегистрираните трговци, така и нечесните трговски практики ќе се одразат врз регистрираните трговци кои си ги исполнуваат обврските кон државата, со што системот ќе затајува, а тоа никому не оди во прилог.

Ги охрабруваме граѓаните доколку забележат или веќе познаваат нерегистрирани трговци, препродавачи и продавници, веднаш да пријават во пазарниот инспекторат.

W2023 05 11 at 13.47.53

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација