Вести
Четврток Април 16, 2026

Вести

По добиени сознанија дека одредени Државни институции, единици на локална самоуправа, училишта, градинки и други корисници пројавуваат  сомнежи дека во грејната сезона им е доставено екстра лесно масло за домаќинство Ел-1 со сомнителен квалитет, Државниот пазарен инспекторат како институција која го проверува квалитетот на нафтените деривати наоѓа за потреба да ги информира а воедно и да ги предупреди сите корисници на екстра лесното масло за домаќинство Ел-1 при прием на овој нафтен дериват да извршат органолептичка односно визуелна проверка на бојата на истиот (која треба да е црвена)  и доколку изразат сомнеж во квалитетот на дериватот за тоа да го известат Државниот пазарен инспекторат, а при тоа да го стопираат приемот.

Предупредувањето се дава од причина што по приемот на дериватот во резервоарите на корисниците докажувањето на квалитетот и лоцирањето на вината за евентуално неквалитетно гориво тешко се докажува од објективни и субјективни причини.

Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија, преку Одделението за инспекциски надзор Скопје во текот на денешниот ден на регионалниот пат Гостивар-Кичево и регионалниот пат Велес –Скопје,

На ден 25.09.2019 година, во официјална посета на Државниот Пазарен Инспекторат на Република Северна Македонија беше делегација од Централниот инспекторат на Република Албанија предводена од генералниот инспектор Шкељќим Хајдари.

На средбата двете институции ги претставија своите надлежности, постапките и процесите на работа како и проблемите со кои се соочуваат во спроведувањето на нивните надлежности.

На ден 21.11.2018 година, Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија претставуван од директорот Г-дин Стојко Пауновски оствари работна средба со делегација на Агенцијата за надзор над пазарот на Република Босна и Херцеговина претставувана од Г-дин Александар Голијанин и Г-дин Дражан Приморац.

На 14 и 15 Ноември 2018 година во просториите на Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија во соработка со USAID се одржа обука за Е-Трговија како дел од проектот на USAID за модернизација на инспекциските служби во Република Македонија.

Поради зголемениот број на претставки кој што секојдневно пристигнуваат до нашата институција а се од областа на Е-трговијата, оваа обука имаше за цел да ги запознае инспекторите со новините во Е-трговијата, како и растот и развојот на истата во последните неколку години со што би се олеснил инспекцискиот надзор во оваа област.

Почитувани потрошувачи,

Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија повторно се соочува со зголемен број на претставки по однос на измамени потрошувачи преку производи или услуги кој што се набавени по електронски пат.

Државниот пазарен инспекторат веќе излезе со известување по однос на актуелните законски акти за овој начин на трговија достапни според правниот систем на Република Македонија, и ограничениот механизам на делување во насока на заштита на потрошувачите како надлежност на нашата институција .

На ден 21.09.2018 година во просториите на државниот пазарен инспекторат се оствари работна средба со компанијата Алфа-Зет Македонија како претставништво на белгиската компанија Алфа-Зет.

На оваа средба претставниците на Алфа-Зет од Белгија и македонските претставници, кој воедно се и донатори на еден од најсовремените софтверски системи за евиденција и контрола на пристап на вработени преку термални читачи во државниот пазарен инспекторат беа запознаени со работата и надлежностите на нашата институција.

Почитувани потрошувачи, во изминатиот период до нашата институтција – Државен пазарен инспекторат има зголемен број на добиени претставки за измама на потрошувачи преку набавка на најразлични прозиводи и услуги добиени по електронски пат.

Сакаме да ве известиме дека според актуелните и во сила достапни правни акти за електронска трговија на Република Македонија, овој начин на трговија сеуште не е детално правно опишан а со тоа и нашата функција како државен орган за заштита на потрошувачите во дел од електронската трговија во овој период е ограничен. Државниот пазарен инспекторат во соработка со други сродни институции во наредниот период има за цел да покрене иницијатива за измени и дополнување на ваќе постоечките правни акти од оваа категорија.

Со ова известување сакаме да апелираме до сите потрошувачи, пред да извршат било каква трансaкција или набавка на производ или услуга по електронски пат добро да се информираат за трговецот кој што ја нуди истата, безбедноста на електронската платформа преку која што врши нарачка, како и начинот на кој се врши плаќањето на прозиводот или услугата на истата.

На ден 11.7.2018 година на подрачјето на Општините Охрид и Дебрца од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се инспекциски надзори над правни и физички лица кои вршат трговска, угостителска, туристичка и производствена дејност.

Државниот пазарен инспекторат во рамките на своите надлежности и согласно Годишниот план за работа на ден 01.07.2018 година изврши инспекциски надзори во угостителски објекти од видот дискоклуб, дискоклуб на отворен простор и кафе барови.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација