Согласно одредбите од Законот за угостителска дејност од 01.09.2014 година, па се до 24.12.2014 година, работното време на угостителските објекти е за еден час пократко, освен во деновите петок и сабота, како и спроти празници и празнични денови, кога се работи плус еден час.
Тоа значи дека:
- Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги (ресторани, кафулиња) може да работат од 07:00 до 24:00 часот.
- Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот.
- Дискоклубовите и дискоклубовите на отворен простор се со работно време од 19:00 до 04:00 часот во работни денови.
Сите видови на угостителски објекти во деновите петок и сабота, како и спроти празници и во празнични денови може да работат плус еден час.
Државниот пазарен инспекторат, согласно своите надлежности ќе врши инспекциски надзори врз основа на одредбите од Законот за угостителска дејност, посебно во делот на почитување на работното време, а ќе се зголеми и бројот на надзорите за почитување на Законот за заштита од пушење во угостителските објекти.