Соопштенија
Недела Октомври 19, 2025

Државниот пазарен инспекторат за време на изминатиот викенд, односно од 27.08.2021 до 29.08.2021 година со засилено темпо продолжи со вршење контроли согласно Одлуката на Владата со која се донесени мерки, препораки и протоколи врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на Ковид 19.

Според Одлуката на Владата за влез во угостителски објекти, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители,  за настан од секаков вид и за влез во затворениот дел од моловите, задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

  • сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
  • сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Од 25.08.2021 на сила стапија измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, работа на ресторани и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50% од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

За време на изминатиот викенд извршени се 1129 контроли во субјекти на територијата на Република Северна Македонија, составени се 62 записници за извршени инспекциски надзори, донесено е едно решение за привремена забрана за вршење дејност за угостителски објект каде не се почитувале мерките и истиот е затворен.

Државните пазарни инспектори утврдиле непочитување на мерките со што поднесено е прекршочно барање до Суд по Закон за заштита на населението од заразни болести и поденесени се два платни налози со изречена глоба од 2500 евра за правното лице, односно 1500 евра во денарска противвредност за одговорното лице по Законот за заштита на населението од заразни болести.

Во изминатиот викенд најголем дел од контролите по градовите низ државата беа во координација или заедно со МВР.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)