Соопштенија
Недела Октомври 19, 2025

Извештај за спроведени контроли врз примената на мерките, одлуките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширење на Ковид 19.

Согласно последните мерки на Владата донесени врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, а поради превенција од ширење на Ковид 19, за влез  во угостителски, или било каков објект или трговски центар потребно е граѓаните да достават потврда за вакцинација  со најмалку една доза или доказ за прележан Ковид 19 во последните 45 дена.

Од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се зголемија надлежностите на инспекциските служби, тековно продолжуваме со известувањата за спроведени контроли од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат.

Во текот на изминатата недела, почнувајќи од 30.08 заклучно со 05.09.2021 година извршени се вкупно 1790 контроли и составени се 146 записници за извршени инспекциски надзори.

Државните пазарни инспектори утврдиле неправилности и непочитување на мерките донесени од Владата за спречување на ширење на корона вирусот во 2 субјекти, еден во Скопје и еден во Тетово, за што се донесени решенија за привремена забрана за вршење дејности и истите се затворени, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а се издадени и прекршочни платни налози согласно големината на субјектот..

Изминатиот период освен на угостителски објекти, се вршат контроли и на обложувалници, молови, како и други дејности кои се опфатени со мерките на Владата. Се вршат проверки на организирани прослави, свадби и слично. Инспекторите во принцип сами ја извршуваат контролата, често, доколку сметаат дека има потреба, активностите се во координација и со асистенција на МВР.

Државниот пазарен инспекторат и во текот на престојниот период ќе продолжи со интензивни контроли, со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки,  мерки и протоколи по однос на КОВИД-19.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)