Соопштенија
Недела Октомври 19, 2025

Зачестените контроли од Државниот пазарен инспекторат, а во врска со мерките на Владата донесени врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, а поради превенција од ширење на Ковид 19 продолжуваат и во наредниот период.

Изминатата недела, почнувајќи од 06.09.2021 до 10.09.2021, извршени се 1126 контроли и составени се 112 записници за извршени инспекциски надзори.

Државните пазарни инспектори контролите ги вршеа по основ на последните мерки на Владата донесени врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, а поради превенција од ширење на Ковид 19, каде за влез  во угостителски, или било каков објект или трговски центар потребно е граѓаните да достават потврда за вакцинација  со најмалку една доза или доказ за прележан Ковид 19 во последните 45 дена.

Исто така, се вршеа проверки за почитување на протоколот по однос на ограничувањата на бројот на гостите, каде согласно протоколот дозволено е работа во затворениот дел на кафетериите со искористеност на капацитетите до најмногу 30%, како и работа на отворените делови (терасите), до најмногу 50% од капацитетот на објектот. Согласно протоколот растојанието на гостите од музичкиот уметник дозволено е да биде најмалку 5 метри.

Од Државните пазарни инспектори утврдени се направилости што резултирале со затварање на 2 објекти, во Скопје и во Тетово, кај кои е утврдено непочитување на мерките. За истите се издадени решенија за привремена забрана за вршење дејности во времетраење од 10 дена , како и издадени се прекршочни платни налози за наплата на глоба согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Висината на глобата на објекти во Скопје изнесува 7000 евра во денарска противвредност, а за објектот во Тетово истата изнесува 750 евра во денарска противвредност.

И во наредниот период, контролите и надзорите од Државниот пазарен инспекторат ќе продолжат со засилено темпо на работа во интерес на јавното здравје, а заради превенирање и заштита на населението од ширење на корона вирусот.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)