Следејќи ги протоколите за постапување во услови на пандемија со корона вирус, во текот на првата недела од месец ноември Државниот пазарен инспекторат продолжи да врши контроли и надзори согласно своите надлежности, врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.
Државниот пазарен инспекторат од 01.11.2021 до 07.11.2021 година има извршено вкупно 767 контроли и составено 59 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.
При спроведените надзори во првата недела од месец ноември донесени се 3 решенија по Закон за заштита на населението од заразни болести поради прекршувања на здравствените протоколи.
И во претстојниот период, контролите и надзорите од Државниот пазарен инспекторат ќе продолжат со засилено темпо со цел стриктна примена на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки во однос на Ковид 19.