Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатата недела продолжи со интензивните контроли на терен, а во врска со мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот. Во периодот од 08.11.2021 до 14.11.2021 година се извршени вкупно 742 контроли и составени се 64 записници за извршени инспекциски надзори на територијата на Република Северна Македонија. Од страна на државните пазарни инспектори вршени се проверки за почитувањето на мерките и протоколите кои се во делот на нивната пропишана надлежност, а секоја посета на некој објект е во согласност со Законот за инспекциски надзор.
При спроведените надзори на 12.11.2021 година, утврдени се неправилности и непочитување на мерките и по Закон за заштита на населението од заразни болести затворени се два објекти во Скопје поради прекршувања на здравствените протоколи. Во едниот објект затекнати се едно лице со лажен сертификат и едно лице без сертификат за примена на вакцина. Исто така, се работело спротивно на одлуката за изменување на одлуката број 242 од 27.10.2021 донесена од Владата на РСМ. Во вториот објект се затекнати 3 лица без поседување на сертификат за имунизација од Корона вирусот, каде инспекторите исто така донеле решение за привремена забрана за вршење на дејност по Законот за заштита на населението од заразни болести и издадени се прекршочни платни налози за наплата на глоба согласно големината на субјектите.
Од одделение за инспекциски надзор Гостивар утврдени се непочитување на мерките, протоколите и одлуките на Владата на предлог на Комисијата за заразни болести за што е составен записник по Закон за заштита на населението од заразни болести, односно затекнати се 2 лица со поседување лажен сертификат за примена вакцина.
Сите активности се извршени во асистенција со МВР.
Во текот на изминатата недела, извршени се вкупно 547 инспекциски надзори, издадени се 104 решенија, од кои 79 решенија за утврдени неправилности и прекршувања по различни основи по Законот за финансиска дисциплина и 25 решенија по основ на други закони во областа на надлежностите на Државниот пазарен инспекторат.
На територијата на Република Северна Македонија поднесени се 18 прекршочни пријави по Законот за финансиска дисциплина и од одделение за инспекциски надзор Кавадарци поднесена е 1 прекршочна пријава по Законот за трговија.
Од одделение за инспекциски надзор Штип донесени се 4 решенија по Законот за угостителска дејност, односно утврдени се неправилности кај ноќни клубови кои имале измината лиценца за работа. Исто така, од одделение за инспекциски надзор Штип донесени се две решенија по Законот за трговија.
Издадени се 71 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.