Во период од 16.06.2025 до 22.06.2025 година, Државниот пазарен инспекторат извршени се 240 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 55 прекршочни платни налози во вредност од над 1.000.086,00 денари, односно по:
· Закон за трговија извршени се 42 надзори, издадени се 16 прекршочни платни налози;
· Закон за заштита од пушење извршени се 5 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за метрологија издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за угостителска дејност извршени се 50 надзори, издадени се 15 прекршочни платни налози;
· Закон за заштита на потрошувачи извршени се 22 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за општа безбедност на производи извршени се 2 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за занаетчиство извршени се 23 надзори, издадени се 3 прекршочни платни налози;
· Закон за финансиска дисциплина извршени се 71 надзори, издадени се 14 прекршочни платни налози;
· Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност извршени се 12 надзори, издаден е 1 прекршочен платен налог;
· Закон за трговски друштва извршен е 1 надзор, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за туристичка дејност извршени се 3 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за инспекциски надзор извршени се 4 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за градежните производи извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за индустриска сопственост извршени се 2 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност извршени се 2 надзори, не се издадени прекршочни платни налози.
Изречени се 15 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамките на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи.
Државниот пазарен инспекторат постапува во согласност со законите и годишниот и месечен план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и други институции согласно законската регулатива.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk














