Во период од 03.11.2025 до 09.11.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 382 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 118 прекршочни платни налози во вредност од над 3.925.717,00 денари, односно по:
· Закон за трговија, извршени се 101 надзори, издадени се 19 прекршочни платни налози;
· Закон за заштита од пушење, извршени се 18 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за угостителска дејност, извршени се 37 надзори, издадени се 8 прекршочни платни налози;
· Закон за туристичка дејност, извршени се 2 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за заштита на потрошувачи, извршени се 30 надзори, издадени се 4 прекршочни платни налози;
· Закон за општа безбедност на производи, извршени се 3 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за занаетчиство, извршени се 31 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за финансиска дисциплина, извршени се 139 надзори, издадени се 68 прекршочни платни налози;
· Закон за индустриска сопственост, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, извршени се 7 надзори, издадени се 3 прекршочни платни налози;
· Закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за метрологија, извршени се 3 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за градежните производи, извршени се 6 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за Државен пазарен инспекторат издадени се 10 прекршочни платни налози;
· Закон за енергетика, извршени се 2 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за тутун и тутунски производи, извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози и
· Закон за инспекциски надзор, извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози.
Изречени се 24 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамките на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи.
Државниот пазарен инспекторат постапува во согласност со законите и годишниот и месечен план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и други институции согласно законската регулатива.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk














