|
Во период од 30.03.2026 до 05.04.2026 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 523 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 154 прекршочни платни налози во вредност од над 2.883.269,00 денари, односно по: · Закон за трговија, извршени се 215 надзори, издадени се 71 прекршочни платни налози; · Закон за заштита од пушење, извршени се 20 надзори, издадени се 8 прекршочни платни налози; · Закон за угостителска дејност, извршени се 37 надзори, издадени се 17 прекршочни платни налози; · Закон за заштита на потрошувачи, извршени се 49 надзори, издадени се 3 прекршочни платни налози; · Закон за занаетчиство, извршени се 30 надзори, издадени се 6 прекршочни платни налози; · Закон за финансиска дисциплина, извршени се 106 надзори, издадени се 27 прекршочни платни налози; · Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, извршени се 2 надзори, не се издадени прекршочни платни налози; · Закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, извршени се 8 надзори, не се издадени прекршочни платни налози; · Закон за метрологија, извршени се 10 надзори, издадени се 14 прекршочни платни налози; · Закон за градежните производи, извршени се 28 надзори, не се издадени прекршочни платни налози; · Закон за инспекциски надзор, извршени се 4 надзори, издадени се 4 прекршочни платни налози; · Закон за Државен пазарен инспекторат, извршени се 3 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози; · Закон за општа безбедност на производите, извршени се 2 надзори, не се издадени прекршочни платни налози. · Закон за туристичка дејност, извршени се 5 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози. |
|
Изречени се 64 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон. Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамките на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи. Државниот пазарен инспекторат постапува во согласност со законите и годишниот и месечен план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и други институции согласно законската регулатива. Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk |














