Соопштенија
Петок Мај 17, 2024

Соопштенија

Државниот пазарен инспекторат во периодот од  20.03 до 26.03.2023 година година има извршено над 500 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат издадени се над 180 прекршочни платни налози со вредност над  6 и пол милиони денари, од кои:

  • 125 прекршочни платни налози по Закон за трговија
  • 42 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност
  • 26 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето
  • 100 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина
  • 20 прекршочни платни налози по Закон за енергетика

Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени над 130 инспекциски надзори по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки донесени од страна на Владата. Во некои економски субјекти констатирани се 6 прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 754.000 денари.

 

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од  06.03 до 13.03.2023 година  има извршено над 450 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат наплатени и издадени се над 115 прекршочни платни налози со вредност над  4 милиони денари.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.

 

Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени над 45 инспекциски надзори по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 205.000 денари.

Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по Одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од  27.02 до 05.03.2023 година  има извршено над 760 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат издадени се над 65 прекршочни платни налози со вредност над  3 милиони денари.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.

 

Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени над 300 инспекциски надзори по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 960.000 денари.

Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по Одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет.

На ден 04.03.2023 година (сабота), пазарниот инспекторат изврши над 250 надзори и контроли на територија на цела Македонија. Она што е утврдено од надзорите и контролите е дека поголем број од трговците ги почитуваат Одлуките на Владата. Леб се продава од 28 до 33 денари, зависно од грамажата и градот во кој се вршени надзорите и контролите, a трговците на големо и мало со прехранбени производи, генерално ја почитуваат обврската да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот опфатен со Одлуката на Владата, во количина од најмалку 80% од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Онаму кадешто се констатирани прекршувања издадени се вкупно 6 прекршочни платни налози и тоа во висина од над 960.000 денари.

Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по Одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки.

Апелираме трговците да ја адаптираат цената и доставата на лебот во согласност со Одлуките, бидејќи во спротивно ќе се соочат со казни кои се многу високи, и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината на економскиот субјект, а во надлежност со Законот за трговија.

Соопштение за спроведени инспекциски надзори во период од 30.01 – 12.02.2023 година

 

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 30.01 до 12.02.2023 година година има извршено над 1100 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат издадени се над 150 прекршочни платни налози со вредност над  5 и пол милиони денари, од кои:

  • 45 прекршочни платни налози по Закон за трговија
  • 16 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност
  • 16 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето
  • 2 прекршочени платни налози по Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрира на дејност
  • 3 прекршочни платни налози по Закон за метерологија
  • 79 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина
  • 2 прекршочни платни налози по Закон за заштита на потрошувачи

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување  однајвисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира согласно Законот за трговија.

Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени 38 инспекциски надзори по Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата, при што не се констатирани прекршувања и непочитување на Одлуката.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Сублимиран извештај за спроведени инспекциски надзори во јануари 2023 година

Државниот пазарен инспекторат спроведува инспекциски надзори над примена на законите и прописите кои го опфаќаат работењето на правните и физичките лица, но и примената на прописите од областа на забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, и изрекува мерки со цел отстранување на утврдените неправилности и доследно спроведување на законите.

Целта на надзорите е подобрување, контрола и зајакнување на веќе постоечкиот економски систем како и одржување функционален пазар насочен кон заштита на правата на трговците и потрошувачите со пласирање на безбедни производи.

Во месец јануари 2023 година извршени се повеќе од 1500 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Од спроведените надзори констатирани се прекршоци направени од страна на субјектите за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари, односно според

  • Закон за трговија издадени се над 30 прекршочни платни налози
  • Закон за финансиска дисциплина издадени се над 100 прекшрочни платни налози
  • Закон за заштита од пушењето издадени се над 40 прекршочни платни налози
  • Закон за заштита на потрошувачите издадени се над 10 прекршочни платни налози
  • Закон за вршење угостителска дејност над 20 прекршочни платни налози

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира. Според оваа Одлука за ограничување на маржата кај основните прехрамбени производи, во месец јануари 2023 година извршени се над 300 инспекциски надзори и не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.

Пазарениот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 16.01 до 22.01.2023 година година има извршено вкупно 709 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 122 решенија, од кои:

  • 6 решенија по Закон за трговија
  • 7 решенија по Закон за угостителска дејност
  • 103 решенија по Закон за финансиска дисциплина
  • 2 решенија по Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност
  • 3 решениja по Закон за заштита на потрошувачи
  • 1 решение по Закон за Државен пазарен инспекторат

Дополнително во овој временски период издадени се вкупно 105 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 3.571.265 денари, од кои:

  • 9 прекршочни платни налози по Закон за трговија
  • 21прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност
  • 20 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето
  • 2 прекршочни платни налози по Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрира на дејност
  • 3 прекршочн иплатни налози по Закон за Државен пазарен инспекторат
  • 48 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина
  • 2 прекршочни решенија по Закон за заштита на потрошувачи

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување  однајвисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира согласно Законот за трговија.

Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени 68 инспекциски надзори по Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата, при што не се констатирани прекршувања и непочитување на Одлуката.

За извршени инспекциски надзори врз работењето по однос на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 135/22, 137/22, 206/22 и 217/22) од страна на ДПИ за период од 07.10.2022 до 10.01.2023 година

Во согласност со насоките за постапување кои произлегуваат од Одлуката за посебни услови за трговија на  одделни стоки (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 135/22, 137/22, 206/22 и 217/22), со која се определени највисоките трговски маржи на:

  • • леб бел (сечен на парчиња или цел);
  • • шеќер бел;
  • • сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
  • • брашно од пченица – тип 400 и тип 500;
  • • макарони и шпагети од тврда пченица;
  • • македонски ориз бел;
  • • трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • • јајца од кокошка;
  • • урда ;
  • • кравјо бело сирење и мешано бело сирење;
  • • кашкавал;
  • • кисело млеко и павлака и
  • • jогурт.

Државниот пазарен инспекторат како надлежен орган врши инспекциски надзори кај производителите, увозниците и трговците на големо и мало со погоре наведените производи,  при што во континуитет го следи движењето на цените на истите, како и утврдените највисоки маржи во горенаведената Одлука. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо од страна на производителите, увозниците и трговците се санкционира согласно Законот за трговија.

По однос на горенаведената одлука, во период од 07.10.2022 заклучно со 10.01.2023 година,  од страна на Одделенијата за инспекциски надзор на територија на Република Северна Македонија извршени се вкупно  707 инспекциски надзори, преку кои се констатира дека производителите, увозниците и трговците на мало и големо се придржуваат на највисоката утврдена маржа од 5% и 10% на производите наведени во Одлуката, односно маржа до 5% во трговијата на големо и трговијата на мало за леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) и маржа до 10% во трговијата на големо и трговијата на мало за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и jогурт.

Врз основа на мерките на Владата на Република Северна Македонија, забележителен е трендот на намалување на цените на основните прехрамбени производи.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат во периодот 03 - 05.01.2023 година извршени се 210 инспекциски надзори кај трговци на големо и трговци на мало, по однос на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 135/22....217/22). При направените инспекциски надзори утврдена е фактичка состојба на забележување на тренд на намалување на цената на:  сончогледовото масло за јадење односно од 15-25 денари намалување за 1 литар, бел леб до 5 денари и бел шеќер од 3 -  5 денари.

Извршени се инспекциски надозри на територијата на Република Северна Македонија и констатирани се четири неправилности и тоа три по Закон за трговија и еден по Закон за заштита на потрошувачите, во Скопје и Охрид и за истите се издадени прекршочни платни налози. Во поголемиот дел од контролите констатирано е дека Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 135/22....217/22) се почитува, односно маржата на прехранбените производи се движи од 5 до 10% и истата е во согласност со Одлуката.

Напоменуваме дека Државниот пазарен инспекторат и понатаму врши засилени контроли, како по однос на постапување на наведената Одлука, така и по другите законски прописи.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 24.10.2022 до 27.11.2022 година има извршено вкупно 2203 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во периодот од 24.10.2022 до 30.10.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 70 решенија, од кои 54 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 3 по Законот за инспекциски надзор, 1 по Законот за заштита на потрошувачите,  4 по Законот за трговија, 3 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон за метрологија, 3 по Закон за занаетчиска дејност и 1 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 57 прекршочни платни налози, од кои 27 по Закон за финансиска дисциплина, 17 по Закон за трговија, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 2 по Закон за метрологија, 5 по Закон за заштита од пушење и 2 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.

Во периодот од 31.10.2022 до 06.11.2022 година донесени се 99 решенија, од кои 76 по Законот за финансиска дисциплина, 2 по Закон за инспекциски надзор, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 5 по Закон за трговија, 3 по Закон за угостителска дејност, 3 по Закон за контрола на предемети од скапоцени метали, 1 по Закон за метрологија, 5 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 2 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 52 прекршочни платни налози од кои 10 по Закон за финансиска дисциплина, 16 по Закон за трговија, 2 по Закон за инспекциски надзор, 5 по Закон за заштита на потрочувачите, 6 по Закон за угостителска дејност, 6 по Закон за контрола на предмети од скапоцени метали, 1 по Закон за метрологија и 4 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.

Во периодот од 07.11.2022 до 13.11.2022 година донесени се 93 решенија, од кои 71 по Закон за финансиска дисциплина, 9 по Закон за инспекциски надзор,  2 по Закон за заштита на потрошувачите, 6 по Закон за трговија, 3 по Закон за угостителска дејност и 2 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 67 прекршочни платни налози од кои 41 по Закон за финансиска дисциплина, 19 по Закон за трговија, 2 по Закон за угостителска дејност и 5 по Закон за занаетчиска дејност.

Во периодот од 14.11.2022 до 20.11.2022 година донесени се 84 решенија, од кои 69 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за инспекциски надзор, 3 по Закон за заштита на потрошувачите, 5 по Закон за трговија, 2 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност, 1 по Закон за метрологија и 1 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 70 прекршочни платни налози од кои 48 по Закон за финансиска дисциплина, 16 по Закон за трговија, 1 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за заштита на потрошувачите, 1 по Закон за угостителска дејност, 1по Закон за метрологија,  1 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 1 по Закон за занаетчиска дејност.

Во периодот од 21.11.2022 до 27.11.2022 година донесени се 71 решенија, од кои 51 по Законот за финансиска дисциплина, 11 по Закон за заштита на потрошувачите, 4 по Закон за трговија, 1 по Закон за угостителска дејност, 3 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 1 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 56 прекршочни платни налози, од кои 40 по Закон за финансиска дисциплина, 3 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за контрола на предмети од скапоцени метали, 10 по Закон за трговија, 1 по Закон за угостителска дејност и 1 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност

Во месец ноември, Државниот пазарен инспекторат има извршено 50 инспекциски надзори врз основа на Законот за енергетика и има констатирано 11 неправилности врз основа на истиот закон.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)