Соопштенија
Петок Мај 17, 2024

Соопштенија

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 03.01.2022 до 09.01.2022 година има извршено вкупно 114 инспекциски надзори и 678 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Со измените и дополнувањата на Законот за трговија, кој регулира дел од прашањата за работата на трговски субјекти, на 07.01.2022 година (државен празник) и на 09.01.2022 година (недела), од страна на Државниот пазарен инспекторат беа вршени контроли:

Од одделение за инспекциски надзор Тетово составени се 2 записници по Законот за трговија и не се утврдени неправилности и непочитување на законот.

При контроли од одделение за инспекциски надзор Кавадарци на 07.01.2022 и 09.01.2022 година не се затекнати отворени продавници и трговците ги почитуваат законските одредби.

Од одделение за инспекциски надзор Штип и Битола извршени се над 80 контроли на трговски објекти. Сите објекти биле затворени и не се утврдени неправилности, работат исклучиво продавници кои се во состав на бензиски станици со уредно пријавено работно време во ДПИ.

Од одделение за инспекциски надзор Гостивар со градовите Кичево и Македонски Брод и одделение за инспекциски надзор Куманово исто така се вршени контроли за работата на објектите во недела и државан празник и не се утврдени непочитување на мерките.

Од одделение за инспекциски надзор Скопје извршени се 5 инспекциски надзори и издадени се 3 прекршочни налози, од кои во еден објект за трговија на мало со месо, еден објект за трговија со облека и еден објект прехранбен маркет за кои согласно Законот за трговија утврдени се неправилности и постапката е во тек.

Од одделение за инспекциски надзор Струга со градот Дебар државните пазарни инспектори беа излезени на терен и секаде се почитува забраната за работа во недела.

Одделение за инспекциски надзор Охрид при контроли на објекти не утврди неправилности, работеле само 3 објекти кои ги исполнуваат условите од член 25 од Законот за трговија.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20.12.2021 до 02.01.2022 година има извршено вкупно 768 инспекциски надзори и 1331 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период изречени се 68 прекршочни пријави од кои 66 пријави се по однос на Закон за финанскиска дисциплина и две пријави по Закон за заштита на населението од заразни болести. Државниот пазарен инспекторат издал вкупно 149 решенија, од кои  122 решенија по Закон за финснсиска дисциплина, а останатите решенија се по однос на други закони кои се во надлежност на ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат од 20.12.2021 до 26.12.2021 година има извршено вкупно 62 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Во периодот од 20.12.2021 до 02.01.2022 година Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 350 контроли и составено 33 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Во врска со измените на Законот за трговија ги информираме трговците за обврските за почитување на Законот по однос на работното време и можноста да вршат трговија за време на државни празници и недела како неработен ден.

Трговецот на големо и трговецот на мало го утврдува работното време на продавниците, киосците, автоматите, штандовите, зелените пазари, магацините, складовите, деловните простории, продавниците, штандовите и киосците во трговските центри (молови) и бензинските станици зависно од бројот на вработените.

Должината и распоредот на работното време што трговецот го утврдил треба да се усогласат со правата, обврските и одговорностите на вработените утврдени со прописите од областа на работните односи, особено вопоглед на распоредувањето на работното време и прекувремената работа, ноќната работа, дневниот, неделниот и годишниот одмор и другите отсуства од работа и во согласност со ограничувањата утврдени со прописите од областа на заштита од бучава.

Продавниците што се наоѓаат во колективни станбени згради и деловно станбени згради не можат да почнат со работа пред 6:00 часот и мора да завршат со работа до 23:00 часот.

Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови: По исклучок на ова трговијата може да се врши

1) во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност;

2) во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун; работното време во овие објекти е од 00:00 до 24:00 часот

3) во продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2; Трговците во објектите можат да работат од 10:00 до 20:00 часот

4) на штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела;

5) во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и

6) на зелени пазари.каде работното време може да биде од 08:00 до 14:00 часот

За работниците кај трговците на мало каде е дозволена работа во недела и државен празник, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата, согласно со закон

Државниот пазарен инспекторат од 13.12.2021 до 19.12.2021 година има извршено вкупно 123 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

На 14.12.2021 година од одделение за инспекциски надзор Гостивар констатиран е прекршоk по член 28 став 2 од Законот за трговија, а на 15.12.2021 констатиран е еден прекршок по член 83 од законот за трговија.

Од одделение зa инспекциски надзор Битола донесени се 4 решенија по Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Во периодот од 13.12.2021 до 19.12.2021 година Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 443 контроли и составено 38 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Државниот пазарен инспекторат од 07.12.2021 до 12.12.2021 година има извршено вкупно 341 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

На 07.12.2021 година од одделение за инспекциски надзор Гостивар констатирани се прекршоци по член 28 став 2 од Законот за трговија, а на 09.12.2021 констатиран е еден прекршок по член 28 став 2 од Законот за трговија.

На 07.12.2021 година од одделение за инспекциски надзор Битола издадено е 1 решение за утврдена повисока цена и задолжение за враќање на состојба од 01.12.2021 година, по Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо.

Во периодот од 06.12.2021 до 12.12.2021 година Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 601 контроли и составено 51 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Од одделение за инспекциски надзор Гостивар во текот на викендот, при извршени инспекциски надзори констатирани се непочитување на Ковид мерките донесени од Владата, со тоа што по Закон за заштита на населението од заразни болести донесени се решенија за привремена забрана за вршење на дејност и затворени се 3 објекти. Исто така, издадени се прекршочни платни налози согласно големината на субјектите.

Од одделение за инспекциски надзор Скопје утврдени се нерегуларности во работењето на 5 субјекти во Скопје. При акциска контрола во повеќе угостителски објекти во координација со МВР и УЈП извршени се инспекциски надзори врз основа на Закон за заштита на населението од заразни болести, Законот за заштита од пушење и Законот за угостителство. При инспекциските надозри постапувајќи по Законот за заштита на населението од заразни болести затекнати се вкупно 42 лица без сертификат за примена вакцина и по истиот закон издадени се 10 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 5000 евра во денарска противвредност  и издадени се 5 решенија за привремена забрана за вршење на дејност во времетраење од 10 дена.

Постапувајќи по Законот за пушење во два објекти констатирани се нерегуларности и издадени се 4 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 5000 евра во денарска противвредност.

Од одделение за инспекциски надзор Битола донесено е 1 решение по Закон за заштита на населението од заразни болести.

Издадени се вкупно 79 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Државниот пазарен инспекторат од 22.11.2021 до 05.12.2021 година има извршено вкупно 1099 контроли и составено 112 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Во текот на овој временски период (од 22.11.21 до 05.12.21) извршени се вкупно 1050 надзори, издадени се 224 решенија, од кои 195 решенија за утврдени неправилности и прекуршувања по различни основи по Законот за финансиска дисциплина, а останатите решенија се по основ на други закони во областа на надлежностите на Државниот пазарен инспекторат.

Во периодот од 15.11.2021 година до 21.11.2021 година од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 668 контроли и составени се 70 записници за извршени инспекциски надзори на територијата на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на Одлуката на Владата за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки и наменски протоколи за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид 19.

При спроведените инспекциски надзори во овој временски период од одделение за инспекциски надзор Гостивар, утврдени се неправилности и непочитување на мерките донесени од Владата, за кои се донесени се 4 решенија по Законот за заштита на населението од заразни болести и донесена е привремена забрана за вршење на дејност, односно затворени се 4 објекти во Кичево каде мерките не се почитувале.

Од одделение за инспекциски надзор Тетово донесени се 3 решенија по Закон за заштита на населението од заразни болести поради непочитување на здравствените протоколи.

Во текот на изминатата недела, извршени се вкупно 564 инспекциски надзори, издадени се 143 решенија, од кои 100 решенија за утврдени неправилности и прекршувања по различни основи по Законот за финансиска дисциплина и 43 решенија по основ на други закони во областа на надлежностите на Државниот пазарен инспекторат.

Од одделение за инспекциски надзор Струга издадено е 1 решение за привремена забрана за вршење на дејност по Законот за угостителска дејност, односно нерегистриран угостител.

Од одделение за инспекциски надзор Скопје издадено е 1 решение за привремена забрана за вршење на дејност по Законот за угостителска дејност и затворен е 1 објект поради непоседување лиценца.

На територијата на Република Северна Македонија поднесени се 43 прекршочни пријави по Законот за финансиска дисциплина и 3 прекршочни пријави по Законот за трговија.

Издадени се 69 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од страна на државните пазарни инспектори вршени се проверки за почитувањето на мерките и протоколите кои се во делот на нивната пропишана надлежност, а секоја посета на некој објект е во согласност со Законот за инспекциски надзор.

Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатата недела продолжи со интензивните контроли на терен, а во врска со мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот. Во периодот од 08.11.2021 до 14.11.2021 година се извршени вкупно 742 контроли и составени се 64 записници за извршени инспекциски надзори на територијата на Република Северна Македонија. Од страна на државните пазарни инспектори вршени се проверки за почитувањето на мерките и протоколите кои се во делот на нивната пропишана надлежност, а секоја посета на некој објект е во согласност со Законот за инспекциски надзор.

При спроведените надзори на 12.11.2021 година, утврдени се неправилности и непочитување на мерките и по Закон за заштита на населението од заразни болести затворени се два објекти во Скопје поради прекршувања на здравствените протоколи. Во едниот објект затекнати се едно лице со лажен сертификат и едно лице без сертификат за примена на вакцина. Исто така, се работело спротивно на одлуката за изменување на одлуката број 242 од 27.10.2021 донесена од Владата на РСМ. Во вториот објект се затекнати 3 лица без поседување на сертификат за имунизација од Корона вирусот, каде инспекторите исто така донеле решение за привремена забрана за вршење на дејност по Законот за заштита на населението од заразни болести и издадени се прекршочни платни налози за наплата на глоба согласно големината на субјектите.

Од одделение за инспекциски надзор Гостивар утврдени се непочитување на мерките, протоколите и одлуките на Владата на предлог на Комисијата за заразни болести за што е составен записник по Закон за заштита на населението од заразни болести, односно затекнати се 2 лица со поседување лажен сертификат за примена вакцина.

Следејќи ги протоколите за постапување во услови на пандемија со корона вирус, во текот на првата недела од месец ноември Државниот пазарен инспекторат продолжи да врши контроли и надзори согласно своите надлежности, врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Државниот пазарен инспекторат од 01.11.2021 до 07.11.2021 година има извршено вкупно 767 контроли и составено 59 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Следејќи ги протоколите за постапување во услови на пандемија со корона вирус, во текот на изминатиот месец октомври Државниот пазарен инспекторат продолжи да врши контроли и надзори согласно своите надлежности, врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Државниот пазарен инспекторат во месец октомври има извршено вкупно 4043 контроли и составено 305 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

При спроведените надзори во месец октомври донесени се 15 решенија по Закон за заштита на населението од заразни болести поради прекршувања на здравствените протоколи.

 На 02.10.2021 година утврдени се неправилности и непочитување на мерките на објект во Гостивар, за што е донесено решение за привремена забрана за вршење на дејност и истиот е затворен, а издаден е прекршочен и платен налог за наплата на глоба согласно големината на субјектот.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)