Соопштенија
Понеделник Мај 20, 2024

Соопштенија

Во рамките на делокругот на активностите на Државниот пазарен инспекторат во наредниот временски период ќе се интензивираат контролите на правни и физички лица кои вршат угостителска и туристичка дејност согласно Законот за угостителска дејност и Законот за туристичка дејност, и тоа:

Државниот пазарен инспекторат на Република Македонија, преку Одделението за инспекциски надзор - Скопје, во соработка со преставници од Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, изврши инспекциски надзори на 04 и 05.11.2014 година, на територија на Општина Куманово и на територија на Град Скопје, Општина Чаир.

Предмет на надзорот беше: Законот за заштита од пушење и Законот за угостителска дејност.

Согласно одредбите од Законот за угостителска дејност од 01.09.2014 година, па се до 24.12.2014 година, работното време на угостителските објекти е за еден час пократко, освен во деновите петок и сабота, како и спроти празници и празнични денови, кога се работи плус еден час.

Тоа значи дека:

  • Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги (ресторани, кафулиња) може да работат од 07:00 до 24:00 часот.
  • Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот.
  • Дискоклубовите и дискоклубовите на отворен простор се со работно време од 19:00 до 04:00 часот во работни денови.

Сите видови на угостителски објекти во деновите петок и сабота, како и спроти празници и во празнични денови може да работат плус еден час.

Државниот пазарен инспекторат, согласно своите надлежности ќе врши инспекциски надзори врз основа на одредбите од Законот за угостителска дејност, посебно во делот на почитување на работното време, а ќе се зголеми и бројот на надзорите за почитување на Законот за заштита од пушење во угостителските објекти.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)