Соопштенија
Петок Мај 17, 2024

Соопштенија

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 14.03.2022 до 27.03.2022 година има извршено вкупно 1188 инспекциски надзори и 1251 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период издадени се вкупно 169 решенија и 47 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 170 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 253 вонредни инспекциски надзори во трговија на мало и големо, а за контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022).

На 25.03.2022 извршен е инспекциски надзор на подрачје Битола кај субјект кој врши дејност производство на пченично брашно.

Во периодот од 14.03.22 до 27.03.2022 година издадени се 74 прекршочни платни налози по Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, при контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022). Висината на изречените глоби е во зависност од големината на трговското друштво (микро, мал, среден или голем субјект):

  • За 2 субјекти издадени се прекршочни платни налози од 7000 евра за правно лице и 350 евра за одговорно лице во денарска противвредност - утврдено е непочитување на Одлуката на Владата за посебни услови во трговијата на одделни производи;
  • За 2 субјекти издадени се прекршочни платни налози од 3000 евра за правно лице и 2000 евра за одговорно лице во денарска противвредност - утврдено е непочитување на Одлуката на Владата за посебни услови во трговијата на одделни производи;
  • За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија чл.28 ст.1 (400евра за правното лице и 30 евра во денарска противвредност за одговорното лице);
  • За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија чл.28 ст.1 (200 евра за правното лице и 40 евра во денарска противвредност за одговорното лице);
  • За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија чл.28 ст.2, в.в. со член 55 ст.1 т.10 80 евра во денарска противвредност;
  • За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија член 55 став 1 точка 10, евиденцијата не се наоѓа во деловниот простор, 700 евра за правно лице, 150 евра за одговорно лице;
  • За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија член 58 став 1 точка 5, трговецот не се придржува на мерките од член 30 од ЗТ- 7000 евра за правно лице, 350 евра за одговорно лице;
  • За еден субјект прекршочен платен налог - 800 евра за правно лице и 50 евра за одговорно лице во правно лице по чл.30 в.в. со член 58 ст. Т.5 од Законот за трговија;
  • За 8 субјекти - 16 прекршочни платни налози (8 за правно лице и 8 за одговорно лице) со вкупна вредност 33550 евра во денарска противвредност - По Одлуката за посебни услови во трговија на одделни производи;
  • За 12 субјекти издадени се прекршочни платни налози по член 55 од Законот за трговија ст.1 точка 10 (во моментот на инспекцискиот надзор евиденцијата не е доставена на увид на инспекторот спротивно на член 28 став 2 од ЗТ). Глобата се движи од 50 до 800 евра согласно големината на субјектот;
  • За 6 субјекти - 12 прекршочни платни налози (6 платни налози од 4.000 евра за правно и 6 платни налози од 1200 евра во денарска противвредност за одговорно лице) - Нечесно пазарно однесување чл.31-а ст.1 од Закон за заштита на потрошувачите;
  • За еден субјект прекршочен платен налог - 4000 евра за правно лице и 1200 евра за одговорно лице во правно лице по чл.31-а в.в. со чл.138 ст.1 т.41 од Законот за заштита на потрошувачите;

СООПШТЕНИЕ

Во периодот од 07.03.2022 до 13.03.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 658 инспекциски надзори и 680 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период издадени се вкупно 91 решенија и 36 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 111 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 162 вонредни инспекциски надзори во трговија на мало и големо, а за контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022).

Во 130 контролирани објекти во трговија на големо, мало и пекари констатирано дека цените кај лебот, маслото и брашното се по набавни цени, кај другите производи цените се усогласени со 3% маржа на мало, а некаде беше во тек усогласувањето.

Неправилности се утврдени кај 33 субјекти. На 11.03.2022 казнети се 13 субјекти, од кои 8 со по 7000 евра за правно лице и 350 евра за одговорно лице во правното лице затоа што не ги намалиле цените на основните прехранбени производи. На 12.03.2022 година казнети се 20 сујекти, од кои 8 за непочитување за намалување на маржата, а 12 за немање евиденција во трговијата (односно непостоење фактори колкава е набавната цена, а колкава треба да биде продажната), за што по Законот за трговија, согласно големината на субјекот изречени се соодветни санкции.

Непочитување на одлуката е констатирано во неколку градови на територијата на Република Северна Македонија - Скопје, Струга, Охрид, Тетово, Струмица, Гостивар и Пробиштип.

И во наредниот период, контролите и надзорите од Државниот пазарен инспекторат ќе продолжат со засилено темпо на работа.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 28.02.2022 година до 06.03.2022 година има извршено вкупно 597 надозри и 766 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период издадени се вкупно 76 решенија и 23 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 77 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од Државниот пазарен инспекторат при инспекциски надзори во угостителски објекти во Тетово беа констатирани неправилности и за еден објект издадено е решение за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести, како и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.

Од Државниот пазарен инспекторат при инспекциски надзори во Струмица беа констатирани неправилности, при што беа донесени две решенија по Законот за угостителство за привремена забрана за вршење на дејност.

По однос Одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало од Државниот пазарен инспекторат извршени се околу 300 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

При инспекциските надзори од ДПИ беа контролирани малопродажни објекти, како и трговци на големо. Со инспекциските надзори утврдени се залихите на производите опфатени со одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки.Од увидот во фактурите, ПЛТ на мало и извештајот за менување на цени со кој ја намалува засметаната маржа утврдено е дека трговецот при формирање на цените на производите опфатени со Одлуката кои ги има во моментот на залиха има засметано маржа согласно истата. Инспекциски надзори се вршени и согласно член 30-а од Законот за трговија,не се утврдени неправилности.

При инспекциските надзори  кај три субјекти  беа констатирани неправилности, маржата во трговија на големо 5%, односно на мало 10%, не е во согласност со одлуката  преземени се  соодветни прекршочни мерки со издавање на прекршочни платни налози , а кај еден субјект констатирано е дека евиденцијата во трговијата не се води ажурно. При инспекциските надзори утврдено е и покачување на лебот (зголемена цена кон трговците на мало од 01.03.22).

Државниот пазарен инспекторат во текот на минатата недела посети околу 200 бензиски станици на целата територија на Република Северна Македонија. Извршените инспекциски надзори беа по основ продажбата на деривати и беше затекната следната состојба:

  • Во југоисточниот дел на РСМ имало состојба каде на 3 пумпи нема дизел и не се точи бидејќи се потрошени залихите, на другите се продава редовно. Потрошувачката е десеткратно зголемена и на поединечни пумпи се точи по 20/25 тони на ден дизел гориво, а дотурот на нови количини е забавен заради зголемената побарувачка на дизел. Има појава од транспортери дека во еден ден се враќаат по неколку пати и повлекуваат поголеми количини на дизел. Со бензинот нема проблем.
  • Во посетените бензиските пумпи во Скопје и околината затечена е следната фактичка состојба: Само во една пумпа немало гориво, во две бензиски пумпи не се точело гориво поради пријавен дефект. На другите бензиски имало гориво и нема ограничување на продажбата на нафта и нафтени деривати.
  • На подрачјето на Западна Македонија контролирани се бензиските станици во поголемиот дел од општините при што не е констатиран недостиг на нафтени деривати (извршено е мерење на залихите). На ниту една бензиска станица трговците на мало не ги ограничуваат потрошувачите во делот на продажбата на нафта и нафтени деривати ниту по количини на точење ниту по вредност на точење.
  • Од извршените инспекциски надзори на бензинските пумпи на територијата во централниот дел на Републиката не е констатирано дека има поголеми редици за точење на гориво,нема ограничување колку може да се точи гориво,во литри или во денари.Генерално не се констатирани неправилности во работењето.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 21.02.2022 година до 27.02.2022 година има извршено вкупно 571 надозри и 780 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период издадени се вкупно 97 решенија и 46 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 105 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од Државниот пазарен инспекторат при инспекциски надзори угостителски објекти во Скопје беа констатирани неправилности и за еден објект издадено е решение за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести, како и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.

Од Државниот пазарен инспекторат извршени беа инспекциски надзори во угостителски објекти на територија на општина Тетово во кооринирана акција со претставници на Управата за јавни приходи и МВР и врз основа на Законот за заштита на населението од заразни болести и утврдени се неправилности, при што затворени се два објекти по Закон за заштита на населението од заразни болести и за истите е издаден и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.

Во овој временски период Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 297 контроли и составено 32 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Државниот пазарен инспекторат од 21.02.2022 до 27.02.2022 година има извршено вкупно 30 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Во период од 14.02.2022 - 20.02.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 561 надзори и 839 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период издадени се вкупно 102 решенија и 30 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 98 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од Државниот пазарен инспекторат при инспекциски надзори угостителски објекти во Скопје беа констатирани неправилности и за два објекти издадени се решенија за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести, како и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.

Во координирана акција со претставници на МВР, УЈП, ДИТ и ДПИ на 19.02.2021 беа извршени инспекциски надзори во угостителски објекти на општина Битола. За време на инспекциските надзори, од Државниот пазарен инспекторат утврдени се неправиности и постапувајќи по Законот за заштита на населението од заразни болести утврдени се неправилности, односно затекнати се лица без сертификат за извршена имунизација, по што по истиот закон привремено се затворени 4 објекти и за истите се издадени и соодветени прекршочени платени налози согласно големината на субјектот.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 13.02 до 20.02.22 година при инспекциски надзори на територијата на општина Куманово постапувајки по Законот за трговија утврди неправилности и притоа привремено се затворени 4 објекти со времетраење од 30 дена и за истите издадени се соодветни платни налози.

Во овој временски период Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 316 контроли и составено 48 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Во период од 07.02.2022 - 13.02.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 653 надзори и 831 контроли на целата територија на Република Северна Македонија. Во овој временски период издадени се вкупно 125 решенија и 23 прекршочни пријави.

Во овој временски период Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 392 контроли и составено 87 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Од Државниот пазарен инспекторат на 10.02.2022 година при инспекциски надзори во еден угостителски објект во Скопје беа констатирани неправилности и за истиот е издадено решение за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести, како и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.

Државниот пазарен инспекторат на 11.02.2022 година во координирана акција со МВР и УЈП изврши инспекциски надзори во објекти на територија на Тетово и околните населени места, по угостителски објекти и казина, согласно ЗЗНЗБ, ЗУД и ЗЗП.
Констатирана е следната фактичка состојба:

  • 4 објекти се привремено затворени по член 64 од ЗЗНЗБ
  • Во 2 објекти констатиран е прекршок по член 3 вв член 2 од Законот за заштита од пушењето
  • Во 3 објекти побарана е дополнителна документација по ЗУД, постапката продолжува, по нејзино разгледување ќе се преземат постапки во случај да се констатираат неправилности

На 12.02.2022 од Државниот пазарен инспекторат во координирана акција со МВР и УЈП извршени се инспекциски надзори во 4 угостителски објекти и 1 казино на територија на Кочани, согласно ЗЗНЗБ, ЗУД и ЗЗП. Констатирана е следната фактичка состојба:

  • 3 објекти се привремено затворени по член 64 од ЗЗНЗБ. Затекнати се вкупно 35 лица без сертификат за вакцинација. Ќе се поведе прекршочна постапка со издавање на Прекршочни платни налози.
  • Во 1 објект затекнати се гости како пушат цигари. Констатиран прекршок по член 3 вв член 2 од Законот за заштита од пушењето. Ќе се спроведе прекршочна постапка со издавање на Прекршочни платни налози.

Од Државниот пазарен инспекторат извршени беа инспекциски надзори во угостителски објекти на територија на општина Кавадарци на 12.02.2022 година врз основа на Законот за угостителска дејност, Закон за заштита од пушење и Закон за заштита на населението од заразни болести и утврдени се неправилности, при што затворен е еден објект по Закон за заштита на населението од заразни болести и за истиот е издаден и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.

Државниот пазарен инспекторат од 07.02.2022 до 13.02.2022 година има извршено вкупно 42 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Издадени се вкупно 102 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Во период од 31.01.2022 - 06.02.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 624 надзори и 880 контроли на целата територија на Република Северна Македонија. Во овој временски период издадени се вкупно 106 решенија и 25 прекршочни пријави.

Во овој временски период Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 360 контроли и составено 45 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Од одделение за инспекциски надзор Струмица вршени беа инспекциски надзори каде во еден угостителски објект беа констатирани неправилности и за истиот е издадено решение за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести.

Од одделение за инспекциски надзор Скопје во координирана акција со претставници на МВР во текот на викендот вршена беа инспекциски надзори на угостителски објекти во Скопје, при што констатирани се неправилности и донесени се 2 решенија за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести и затворени се два објекти.

 Од одделение за инспекциски надзор Штип извршени беа инспекциски надзори во угостителски објекти на територија на општина Гевгелија на 05.02.2022 година врз основа на Законот за угостителска дејност, Закон за заштита од пушење и Закон за заштита на населението од заразни болести и утврдени се неправилности, при што затворен е еден објект по Закон за заштита на населението од заразни болести и за истиот е издаден и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.

Од одделение за инспекциски надзор Штип при контрола на угостителски објекти на 04.02.2022 година, кај 1 објект во Берово е констатирано прекршок по Закон за угостителска дејност за што ќе бидат превземени соодветни мерки.

Државниот пазарен инспекторат од 31.01.2022 до 06.02.2022 година има извршено вкупно 45 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Издадени се вкупно 94 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 24.01.2022 до 30.01.2022 година има извршено вкупно 562 инспекциски надзори и 970 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Издадени се вкупно 96 решенија од кои 76 по Закон за финансиска дисциплина, 4 по Закон за инспекциски надзор, 3 по Закон за заштита на потрошувачите, 2 по Закон за трговија, 1 по Закон за угостителска дејност, 6 по Закон за заштита на населението од заразни болести, 4 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност.  Во овој временски период изречени се 27 прекршочни пријави од кои 25 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за заштита од пушењето и 1 по Закон за заштита на потрошувачите.

Од одделение за инспекциски надзор Скопје на 28.01 во координирана акција сo претставници од МВР ПС Центар и ПС Гази Баба извршени се инспекциски надзори во угостителски објекти на територија на Општина Центар, Општина Петровец и Општина Илинден врз основа на ЗУД, ЗЗП и ЗЗНЗБ при што е констатирани се неправилности и привремено е затворен еден објект по член 64 од ЗЗНЗБ. Постапката продолжува со издавање на прекршочен платен налог

На 29.01.2022 година од одделение за инспекциски надзор Скопје во координирана акција сo претставници од МВР  и УЈП извршени се инспекциски надзори во  15 угостителски објекти на територија на Општина Куманово врз основа на ЗУД, ЗЗП и ЗЗНЗБ при што во 4 објекти, согласно ЗЗНЗБ констатирани се неправилности (затекнати гости без сертификат за вакцинација од страна на МВР), истите се затворени и пломбирани во моментот од страна на ДПИ и ќе им се издадат прекршочни платни налози во постапка за порамнување.
Во еден објект констатирана е неправилност по ЗУД, постапката ќе продолжи со издавање на прекршочни платни налози во постапка за порамнување.
Во 6 објекти не се констатирани неправилности.
Во 3 објекти побарана е дополнителна документација и дополнително ќе се утврди дали има прекршувања на одредбите од ЗУД.

Од одделение за инспекциски надзор Струмица на 28/29.01.2022 година вршени беа инспекциски надзори во Гевгелија каде во еден угостителски објект беа констатирани неправилности и за истиот е издадено решение за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести.

На 29/30.01.2022 година од одделение за инспекциски надзор Струмица извршени се 35 инспекциски надзори на угостителски објекти во Струмица по однос на Закон за угостителска дејност, Закон за заштита од пушење, како и по Ковид протоколите на Владата. Кај еден субјект констатирани се неправилности согласно член 23 од Законот за угостителска дејност, каде е пропишно работното време и побарана е асистенција од МВР за постапување по однос на соодветни управни и казнени објекти и затварање на објектот.

Издадени се вкупно 64 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 17.01.2022 до 23.01.2022 година има извршено вкупно 486 инспекциски надзори и 900 контроли на целата територија на Република Северна Македонија. Издадени се вкупно 72 решенија од кои 59 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за инспекциски надзор, 3 по Закон за трговија, 3 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон за метрологија и 5 по Закон за занаетчиска дејност.  Во овој временски период изречени се 41 прекршочни пријави од кои 35 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за заштита на населението од заразни болести, 2 по Закон за трговија и 2 по Закон за угостителска дејност.

Државниот пазарен инспекторат од 17.01.2022 до 23.01.2022 година има извршено вкупно 85 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Со измените и дополнувањата на Законот за трговија, кој регулира дел од прашањата за работата на трговски субјекти на 23.01.2022 година (недела), од страна на Државниот пазарен инспекторат беа ивршени 74 контроли и 54 инспекциски надзори на цела територија на РСМ и не се утврдени неправилности.

Во овој временски период Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 279 контроли и составено 75 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Издадени се вкупно 42 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 10.01.2022 до 16.01.2022 година има извршено вкупно 375 инспекциски надзори и 1007 контроли на целата територија на Република Северна Македонија. Издадени се вкупно 103 решенија и 27 прекршочни пријави по различни основи во надлежност на ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат од 10.01.2022 до 16.01.2022 година има извршено вкупно 49 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Со измените и дополнувањата на Законот за трговија, кој регулира дел од прашањата за работата на трговски субјекти на 16.01.2022 година (недела), од страна на Државниот пазарен инспекторат беа ивршени 252 контроли на цела територија на РСМ и не се утврдени неправилности.

Во овој временски период Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 382 контроли и составено 61 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

На 15.01.2022 година во Крива Паланка во соработка со МВР кај еден објект утврдено е дека не се почитува Протокол за отварање и работа на угостителски објект, каде ќе биде донесено решение за привремена забрана за вршење дејност во рок од 10 дена, како и прекршочен платен налог согласно големината на објектот.

Издадени се вкупно 35 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)