Вести
Петок Мај 17, 2024

Вести

За време на викендот што измина пазарниот инспекторат во координација со МВР спроведе акциски контроли во угостителски локали кадешто се организираат забави за малолетници (junior забави), при што беше констатирано дека се точи и продава алкохол на малолетни лица.

Точењето алкохол на малолетници е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат фатени како точат алкохол на малолетници се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец, а за повторување на делото може да следува и целосна забрана за работа. – велат од инспекторатот.

„Апелирам ваквата појава веднаш да престане! Апелот го упатувам и до угостителите, но и до родителите.

Родители, разговарајте со децата за штетноста од конзумирањето на алкохол, бидејќи се работи за нивно добро и здравје.

Во рамки на проектот за „Зајакнување на внатрешниот пазар“ се одржа работилница за Регулативата за лична заштитна опрема.

Главната цел на оваа работилница беше да се информираат учесниците и да се сподели знаење за од областа опфатена со Регулативата за лична заштитна опрема ЕУ 2016/425, со споредба на моменталната состојба во Северна Македонија, со што ќе се обезбеди увид во институциите и подготовката на новиот подзаконски акт за лична заштитна опрема.

За време на работилницата се одржаа презентации за новата законодавна рамка (NLF) 765/2008/Е3 и768/2008/Е3, стариот и новиот пристап на ЕК за техничко усогласување и моменталната состојба на усогласување со законодавството во земјата.

Дополнително, беше опфатена Директивата за низок напон (LVD) 2014/35/EU, правниот и техничкиот дел, односно опрема во опсегот на LVD, цели на безбедноста, употреба на хармонизирани и други стандарди, оцена на сообрзаност според LVD, техничка документација, DoC, внатрешна контрола на производството, барања за надзор на пазарот, принцип на безбедност за електрична опрема, основни безбедности стандарди, опасност од пожар и топлина, проценка на ризик за електрична опрема и тестирање на безбедноста на производите.

На работилницата присуствуваа вработени од Државниот пазарен инспекторат на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а говорник беше експертот Анте Фузул.

Од извршените инспекциски надзори врз основа на Одлуките на Владата кои се однесуваат на овошјето и зеленчукот, затечени се  поголем број на нерегистрирани трговци. Со цел да се сузбие нелојалната конкуренција предизвикана од нерегистрираните трговци, пазарниот инспекторат во наредниот период ќе спроведува и надзори за утврдување на нерегистрирана дејност врз основа на Законот за трговија. Освен кај оние кои продаваат овошје и зеленчук, надзори ќе се вршат и кај сите останати трговци, за сите производи низ целата територија на Република Северна Македонија. Во случај да се затекне нерегистриран трговец, освен изречена казна, ќе следува и целосно одземање на производите кои ги продава.

Упатуваме апел до оние кои вршат нерегистрирана дејност, во најбрз можен рок да извршат регистрација, која е многу едноставна и нема да им одземе повеќе од 2 дена.

Доколку оставиме простор да се проширува нелојалната конкуренција која ја создаваат нерегистрираните трговци, така и нечесните трговски практики ќе се одразат врз регистрираните трговци кои си ги исполнуваат обврските кон државата, со што системот ќе затајува, а тоа никому не оди во прилог.

Ги охрабруваме граѓаните доколку забележат или веќе познаваат нерегистрирани трговци, препродавачи и продавници, веднаш да пријават во пазарниот инспекторат.

W2023 05 11 at 13.47.53

Во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар” кој се спроведува во Министерството за економија и чија четврта компонента е поврзана со работата на Државниот пазарен инспекторат, се одржа работилница со експертот Иван Хендрикс, на тема LVD/EMC.

На работилницата се дискутираше за правниот и техничкиот дел на Директивата за низок напон - 2014/35/EU, како и за Директивите за електромагнетна компатибилност 2014/30/EU и за радиоопрема 2014/53/EU.

Дополнително беа презентирани примери за аплицирање на LVD/EMC на ЛЕД лампи.

2023 05 05 at 14.10.532023 05 05 at 14.10.532023 05 05 at 14.10.53

На ден 26.04.2023 година во работна посета на Државниот пазарен инспекторат беа претставници од  Агенцијата за надзор на пазарот на БИХ- Едуард Шакота, заменик директор, Самир Бекто, помошник директор и Младен Батковиќ, стручен соработник за опрема под притисок.

На средбата гостите од БИХ ги запознаа присутните за работата на Агенцијата и нејзините активности во врска со надзорот на пазарот во БИХ, начинот на вршење на инспекцискиот надзор според законските прописи на БИХ и статусот на инспекторите.

Од наша страна беа претставени надлежностите на пазарниот инспекторат, сегментите на работа и примената на законите, прописите и актите на трговските друштва, физички и правни лица и останати граѓани кои вршат дејност на територијата на Република Северна Македонија, а кои најчесто се однесуваат на безбедност на производи, заштита на потрошувачи, дејности од областа на трговија, угостителство, туризам, занаетчиство како и други работи кои се опфатени со закон. .

Присутните, го искажаа своето задоволство од посетата и изразија желба за понатамошна меѓусебна соработка.

2023 05 02 13 42 21 3712023 05 02 13 42 21 9152023 05 02 13 42 22 811

Во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар” кој се спроведува во Министерството за економија и чија четврта компонента е поврзана со работата на Државниот пазарен инспекторат, беше организирана дводневна работилница на тема: Општа безбедност на производите.

 Главната цел на работилницата беше  да се претстави Директивата/Directive 2001/95/EЗ и Законот за безбедност на производите преку студии на случај и добри практики при споредување на Законот. Односно беше презентирана  Директивата 2001/95/ЕЗ за општа безбедност на производите, нејзините измени, цел, опсег и области како и  Safety Gate (Систем за брзо предупредување на ЕУ за опасни непрехранбени производи).

Понатаму, дел од работилницата беше и презентација за општите барања за безбедност, критериуми за оцена на сообразност на производот, обврска на производителите и дистрибутерите во согласност со Законот за општа безбедност на производите, надзор на пазарот на производи – (Студија на случај) согласно Законот за општа безбедност на производите и проценка на ризикот на производите (Студија на случај).

Исто така, беа прикажани овластувањата, одговорностите и инспекциските мерки на органите за надзор на пазарот утврдени во Законот за општа безбедност на производите, мерки на инспекциските органи согласно Законот за општа безбедност на производите, стандардна оперативна процедура за надзор на пазарот во согласност со добрата практика на ЕУ и примери на неусогласени производи пронајдени на пазарот при надзор (студии на случај) во согласност со Законот за општа безбедност на производите.

Работилниците се одржаа во Скопје, Штип и Охрид.

2023 05 05 at 13.49.302023 05 05 at 13.49.302023 05 05 at 13.49.302023 05 05 at 13.49.30

Во текот на вчерашниот ден, 25.04.2023 година, Државниот пазарен инспекторат во координација со Управата за финансиска полиција и Министерство за внатрешни работи изврши надзори на Кванташки пазар. При надзорите беа констатирани следните неправилности, односно беа затекнати трговци кои не воделе евиденција во трговијата согласно закон што е спротивно на член 28 став 1 од Законот за трговија, а е сторен прекршок по член 57 став 1 од истиот закон. За овие трговци изречени се глоби во вредност над 580.000 денари. Истовремено согласно член 51 став 1 точка 6 од Законот за трговија запленети се стоки од над 15 тони.

Затекнати се и физички лица кои вршеа нерегестрирана дејност, односно вршеа трговија на мало, за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 30.000 денари во согласност со член 2 ст.2 а казниво по член 58 ст.14 од Закон за трговија и им е издадена забрана за вршење дејност во рок од 30 дена.

За оние трговци кои не го пријавиле исполнувањето на минимално техничките услови издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 18.000 денари. По Закон за метрологија издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 12.000 денари за неверифицирана вага.

Имаше и трговци кои ја прекршиле Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки за што се издадени прекршочни платни налози од над 200.000 денари.

Издаден е и прекшочен платен налог во вредност од 120.000 денари за организаторот, мал субјект, правно лице на Кванташки пазар кој го прекршил член 14 став 2 од Законот за трговија, што е казниво по член 58 став 1 од истиот закон и за одговорното лице во правното лице е издаден платен налог во вредност од 6000 денари.

По завршувањето на акцијата, запленетите стоки, овошје и зеленчук, беа предадени во Агенцијата за одземен имот, а во заеднички договор со директорот на Агенцијата, запленетите стоки ги дониравме, односно распределивме онаму каде што е најнеопходно.

Ова е само почеток на ваквите акции, а ќе следат и поригорозни во наредниот период. Никој не е над законот, и не смее да ги заобиколува законите, ниту пак да манипулира со граѓаните.

Директорот Горан Трајковски, апелира до сите економски субјекти, едната опција е да си ги платат прекшочните платни налози, втората е да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Од денес па натака сите инспектори кои што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците. Практиката од непојавување на инспекторите на судските рочишта нема да ја има во иднина, бидејќи системот мора да профункционира.

Нашата цел е доследно почитување на законите и целосно функционирање на системот. Инспекторите и понатаму се на терен, а граѓаните ги охрабруваме да ги пријавуваат нерегуларностите кои се однесуваат на нивните потрошувачки права.

Би сакал да изразам благодарност до премиерот на Владата Димитар Ковачевски и министерот Крешник Бектеши, за поддршката која ја даваат во целиот овој процес со регулирање на цените, а тоа е пред се за доброто на граѓаните. Исто така, сакам јавно да изразам благодарност до пазарните инспектори и до сите надлежни институции кои беа дел од оваа акција и најпрофесионално си ја завршија работата. - потенцираше директорот Горан Трајковски.

IMG 2105

Државниотпазарен инспекторат контролираекономскисубјекти на цела територија на РепубликаСевернаМакедонија по Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 и Одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Сл. Весник на РСМ бр. 78/23) донесена од страна на Владатакоја се однесува на цените на замрзнување на овошјето и зеленчукот и тоа на следните производи:

  • до 95 денари за килограм свежи домати,
  • до 95 денари за килограм свежи краставици,
  • до 70 денари за килограмкромид,
  • до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,
  • до 95 денари за килограмграв,
  • до 110 денари за килограмлеќа,
  • до 75 денари за килограмбанани,
  • до 60денари за килогрампортокали,
  • до 65 денари за килограммандарини и
  • до 60 денари за килограмлимони.

Во согласност со горенаведенитеОдлуки, на територија на цела РепубликаСевернаМакедонија, од денот на донесување на Одлуките до сега, извршени се над 650надзори и контроли и забележано е прекршувања на Одлукитекај22економскисубјекти за што се издаденипрекршочниплатениналози во висина од над 1.300.000 денари. Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овиеОдлуки се продаваат по цени во согласност со последнатаизменетаОдлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетитеширумземјава.

Дополнително, има постапки во тек од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кои ја прекршиле Одлуката. Инспекторите и понатаму се на терен!

IMG 20230413 130125

IMG 20230413 130139

IMG 20230413 130211

IMG 20230413 130244

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски денеска на прес -конференција информираа за последната Одлука на Владата за утврдување на највисоки цени на одделни производи, како и за извршените надзори од страна на ДПИ.

Директорот Горан Трајковски, го истакна следново:

„Сакам да го поздравам донесувањето на новата Одлука која како и сите претходни одлуки се од големо значење за граѓаните. Убеден сум дека Владата и понатаму ќе спроведува и носи вакви одлуки кои пред се, се однесуваат за добробит и олеснување на животот на граѓаните.

Од донесувањето на првата Одлука која се однесува на ограничување на маржата од 5-10% заклучно со последната Одлука, извршени се над 1800 надзори и издадени се над 20 прекршочни платни налози во вредност од над 2.5 милиони денари.

Пaзарниот инспекторат постапува по сите Одлуки на Владата кои се однесуваат на цените на производите, а тоа значи дека и понатаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен на цела територија Република Северна Македонија. Никој не е над законот, барем тоа ќе биде така се додека јас сум директор на пазарниот инспекторат. Нема да дозволам да има исклучоци и секој кој прекршил одлука, закон, законски пропис ќе биде санкциониран со соодветна казна, а казните се високи од 800 – 10.000 евра, во овој случај, во зависност од големината на субјектот.“

2023 04 03 14 48 38 5532023 04 03 14 48 38 553

Во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар” кој се спроведува во Министерството за економија и чија четврта компонента е поврзана со работата на Државниот пазарен инспекторат, се организираа работилници со експертот Андрејка Грлич, на тема „Нечесни трговски практики и нечесни договорни одредби“ (односно директивите 93/13/ЕЕЗ, 2005/29/ЕЗ, 2019/2161) од Законот за заштита на потрошувачите. На работилниците присуствуваа инспектори од сите одделенија за инспекциски надзор на територија на Република Северна Македонија.

Целта на на проектот EuropeAid/140492/DH/SER/MK е поддршка на инспекцискиот надзор преку функционална реорганизација на Државниот пазарен инспекторат, дополнување на методологијата за надзор и воведување нови алатки и олеснување на работата на пазарните инспектори.

Главната цел на оваа работилница е да се пренесат искуство и практика заснована на компетентност за проценка на ризик од земјите на ЕУ. Оваа обука за надзор на претпријатијата заснован на ризик ќе вклучува развој, примена, управување со ризик, проценка на ризик на деловните сегменти, барања за надзор засновани на ризик и препораки за тоа како да се избегнат честите грешки во процесот на проценка на ризикот. Овој вид на упатства се наменети за субјектите на јавната администрација кои вршат надзор над активностите на економските оператори за спроведување и/или подобрување на постоечките системи за проценка и управување со ризикот. Целта е да се обезбеди заштита на јавните вредности (здравје, животна средина, јавна и приватна сопственост, итн.) вградени во правните акти со кои се регулира надзорот на активностите на стопанските субјекти а се доделени како надлежности на пазарниот инспекторат. Пазарниот инспекторат ќе се стекне со нови знаења и информации за тоа како се вршат контролите и надзорите во земјите членки на ЕУ и ќе може чекор по чекор да ги спроведува во своите процеси.

Г-ѓа Андрејка Грлиќ, експерт за надзор на пазарот од Словенија, беше предавач на обуките.Таа е правник со повеќе од 30 години професионално искуство во областите на надзор на пазарот, заштита на правата на потрошувачите, пазарни стратегии, реформи во инспекцијата итн. Работела во Словенечкиот пазарен инспекторат повеќе од 24 години, од кои речиси 15 години како главен Пазарен инспектор. Работела и како предавач на различни универзитети, образовни институции во Словенија и во странство.

Image 2023 03 27 at 10.33.53Image 2023 03 27 at 10.32.36Image 2023 03 27 at 10.30.31Image 2023 03 27 at 10.34.23

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)