Вести
Петок Мај 17, 2024

Вести

sale 1569430581198 1576560796197

Имајќи предвид дека технологијата оди постојано напред со засилен развој, така се менуваат и навиките на луѓето. Онлајн продажбата стана поинтензивна овозможувајќи полесен и побрз пристап до саканите производи. Но покрај предностите, има и свои слабости со кои секојдневно се соочуваат голем број граѓани.

Имено, грѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот најчесто поради недостапност или блокирање на страницата од која се продавале производите. Често се случува производите да се различни кога ќе пристигнат кај граѓаните, отколку оние претставени на фотографијата, прблем е и неиздавањето на фискални сметки, фактури или гарантен лист при доставувањето на производите. Заради ваквите негативни искуства во изминатиот период граѓаните интензивно пријавуваат онлајн измами, особено кога станува збор за производи кои се продаваат преку користење на социјалните мрежи. Државниот пазарен инспекторат постапува согласно своите надлежности, односно, пазарниот инспекторат може да постапи само доколку пријавата е поднесена за трговец кој е регистриран и издава фискална сметка, бидејќи фискалната сметка служи како доказ при постапувањето од наша страна. Доколку трговецот за кој се однесува пријавата не е регистриран ние како институција немаме надлежност да постапуваме. Најчесто оние кои продаваат преку социјалните мрежи не се регистрирани, па заради тоа е невозможно да се пронајдат ниту пак да се постапи во согласност со поднесената пријава.

Дополнително, кога граѓаните вршат нарачки од меѓународни веб продавници известуваме дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над други меѓународни пазари надвор од територијата на Република Северна Македонија за да може да презема мерки за решавање на таквите претставки.

Потенцираме дека ДПИ е надлежен за онлајн измами според Законот за е-трговија и тоа според член 7, односно за да може да постапи, трговецот треба да е регистриран на адреса поинаква од домашната, бидејќи пазарниот инспекторат нема надлежност да врши надзор во домашен односно приватен имот. Регистриран онлајн трговец значи лесно, директно и постојано достапни најмалку следниве информации: име, односно фирма на давателот на услугата, седиште на правното лице, давател на услугата или адреса доколку е физичко лице, податоци за давателот на услугата врз основа на кои примателот на услугата може на директен и ефикасен начин да стапи во контакт со него, вклучително електронската адреса, трговскиот регистар во кој е внесен давателот на услуги и бројот на неговата регистрација или еквивалентните средства на идентификација во тој регистар, кога давателот на услугата е заведен во трговски или друг соодветен регистар, податоци од надлежниот орган, доколку давателот на услугата подлежи на обврска за издавање на лиценци или друг вид на одобренија и даночен број ако давателот на услуга е обврзник на ДДВ. Понатаму, потребни се и податоци за институцијата кај која е регистриран давателот на услугата, професионалниот назив и земјата во која е стекнат тој назив, упатување на професионалните правила во земјата во која ја врши дејноста и начинот на пристап до нив. Ако давателот на услуги на онлајн услуги ги наведува цените на производите и услугите, тие треба да бидат наведени јасно и недвосмислено, особено треба да се наведе дали во нив се вклучени трошоците на испорака, даноците и манипулативните трошоци кои имаат влијание на наведената цена.

Државниот пазарен инспекторат континуирано ги информира граѓаните и посочува на што треба да бидат внимателни при купување на онлајн производи. Граѓаните стапуваат и во директен контакт со нас преку нашите телефонски линии каде им е укажано на што треба да обрнат внимание при купување на онлајн производи.

Апелираме граѓаните да бидат особено внимателни, односно пред да извршат онлајн нарачка да ги проверат контакт податоците и останатите податоци за компанијата или лицето кое ги продава производите, понатаму веродостојноста на е-продавницата, да ги заштитат своите лични податоци, и да не го примаат производот без да им биде издадена фискална сметка или фактура, а доколку постои било каков сомнеж или е извршена директна измама, веднаш да пријават кај нас во Државниот пазарен инспекторат.

Во следниот период планираме интензивни активности кои ќе ги опфатат сите засегнати страни кои би можеле да придонесат за намалување на ваквиот вид измами. Преку комуникативен и едукативен пристап граѓаните ќе бидат дополнително информирани со цел да се спречат онлајн измамите со кои се сретнуваат во процесот на е-купување. Ние како инспекторат им стоиме на располагање секогаш кога е потребен совет или потреба за постапување, отворени сме за промени и соработка со реалниот сектор, затоа охрабруваме, граѓаните да не се двоумат, туку да го искористат своето право и да пријавуваат измами.

Министерството за внатрешни работи заедно со Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Царинската управа извршија заеднички координирани контроли во повеќе отпади на подрачјето на Кичево.

При вршење на надзорот од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со надлежностите, констатирани се неправилности во делот на вршење нерегистрирана дејност според Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирна дејност, а прекршени се одредби од Законот за трговија, Законот за трговски друштва и Законот за метерологија. Во согласност со сторените прекршоци и повредата на законските одредби, издадени се 5 прекршочни платни налози во вредност од над 50.000 денари.

Односно, во отпад за половни возила во Кичево, од страна на Државен пазарен инспекторат е констатирана неправилност за вршење нерегистрирана дејност, издаден е платен налог и изречена е забрана за обавување дејност во рок од 30 дена, од Царинска управа е издадена наредба за непостапување за неколку возила со странско потекло за кои ќе следи и понатамошна постапка, а од Државниот инспекторат за животна средина е констатирана неправилност во врска со обавување дејност без дозвола за работа за што ќе следи соодветен поднесок и понатамошна постапка за третирање на отпадот.

Во отпад на магистрален пат кај с.Зајас, од страна на Државен пазарен инспекторат констатирана е неправилност за обавување нерегистрирана дејност и за небаждарена вага, за што е издаден платен налог, додека при контрола на деловен субјект, во индустриска зона Кичево, од страна на Државниот пазарен инспекторат се констатирани неправилности во врска со неистакната фирма и небаждарена вага, за кои ќе биде изречена глоба, додека од Државниот инспекторат за животна средина е констатирано дека субјектот нема дозвола за обавување на дејност и друга законски неопходна документација, поради што ќе биде изречена глоба. Од страната на Управата за јавни приходи е утврдено дека деловниот субјект нема фискален апарат, поради што ќе биде изречена казна и забрана за работа од 30 дена.

Државниот пазарен инспекторат и понатаму ќе врши надзори, самостојно и во координирани акции,  со цел да се спречат нерегуларностите и да овозможи непречено функционирање на пазарот. Законите треба доследно да се применуваат и подеднакво да важат за сите. Целта не е само да санкционираме, туку и да ги едуцираме субјектите односно економските оператори за да функционираат согласно законот во иднина.

Изминатата година беше исполнета со подеми и падови, но додека гледаме напред, не можеме а да не се надеваме на подобар почеток. Една од работите што ни ги дозволува годината која изминува е можноста да размислуваме за сето она што сме го постигнале. Без разлика дали се работи за лични достигнувања или за пресвртници што ги постигнавме како општество, важно е да одвоиме момент за да го цениме сето она што сме го направиле.

Но, секако, Новата година е и за поставување и достигнување нови цели. Затоа во пресрет на Новата 2023 година, во согласност со актуелните барања на потрошувачите, Државниот пазарен инспекторат започнува со поинтензивна комуникација и постојано споделување информации за граѓаните како би се овозможила  успешна имплементација на сите нови прописи и оние што ќе следат како дел од националната легислатива.

Државниот пазарен инспекторат воспоставува мост помеѓу економските оператори и потрошувачите преку подиректно информирање и со цел превенирање на причините за намалување на последиците.

Во периодот по завршување на новогодишните празници Државниот пазарен инспекторат ќе ги интензивира контролите со искористување на своите капацитети.  Ве повикуваме на заедничка соработка кон целта!

Подобро да превенираме отколку да санкционираме!

Ви посакуваме среќна, здрава и бериќетна Нова година на сите!

Goran Trajkovski

 

Потрошувачите побараа:
Државниот пазарен инспекторат подготви флаер со поедноставено објаснување на новиот Закон за заштита на потрошувачите („Службен весник на РСМ“ бр. 236/22).
Законот за заштита на потрошувачите стапи во сила на 15.11.2022 година во период на сезонски и предпразнични намалувања на цените на стоки и услуги, за што во Државниот пазарен инспекторат со прашања се јавија поголем број на потрошувачи.
Државниот пазарен инспекторат врз основа на барањата на потрошувачите го изработи флаерот со концизно објаснување во скратена форма на делот за попусти (намалувања на цените) за да им овозможи полесно да ги остварат своите права.

 

6 2

3

IMG c118a9a1241db2394a14367626129b0d V

Апел до потрошувачите доколку утврдат неправилност да пријават на телефонските броевите 02/3162-341 и 02/3220-547 и официјалната маил адреса на ДПИ: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

          Владата на Република Северна Македонија врз основа на член 30 став1 алинеа 1 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), на седниците, одржани на 14 јуни 2022 година, 15 јуни 2022 година, 20 септември 2022 година и 06 октомври 2022 година, донесе Одлуки за посебни услови за трговија на  одделни стоки (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 135/22, 137/22, 206/22 и 217/22), со која ги определи највисоките трговски маржи како посебен услов за следните производи во трговијата за големо и мало:

  • леб бел (сечен на парчиња или цел);
  • шеќер бел;
  • сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
  • брашно од пченица – тип 400 и тип 500;
  • макарони и шпагети од тврда пченица;
  • македонски ориз бел;
  • трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • јајца од кокошка;
  • урда ;
  • кравјо бело сирење и мешано бело сирење;
  • кашкавал;
  • кисело млеко и павлака и
  • jогурт.

          Врз основа на оваа Одлука, Државниот Пазарен Инспекторат како надлежен орган изврши инспекциски надзори кај производителите, увозниците и трговците на големо и мало кои вршат трговија на големо и мало со погоре наведените производи при што се констатира дека овие правни субјекти ја почитуваат горенаведената Одлука.

          Имено, со ставањето на над 230 компании кои  произведуваат основни и прехрамбени производи а во регулираниот пазар за електрична енергија од 01.12.2022 година постепено почнаа да се намалуваат цените на овие производи. Тоа се потврдува и од инспекциските надзори на државните пазарни инспектори кои се извршени и се вршат во континуитет.

         Државниот Пазарен Инспекторат до Владата на Република Северна Македонија, на ден 19.12.2022 година достави официјален Извештај за извршени  инспекциски надзори за период од 12.12.2022 година до 16.12 2022 година по однос на Одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 135/22....217/22).

         Врз основа на оваа Одлука, Државниот Пазарен Инспекторат како надлежен орган изврши инспекциски надзори кај производителите, увозниците и трговците на големо и мало кои вршат трговија на големо и мало со наведените производи од Одлуката при што се констатира дека правните субјекти ја почитуваат горенаведената Одлука.

           Имено, инспекторите од  Државниот Пазарен Инспекторат се постојано на терен и при направениот увид на цените на прехрамбените производи, посебно кај оние производи кои се предмет на Одлуката забележано е дека има благ тренд на намалување, посебно на лебот од 3 до 5 денари по парче, на млеко за 2 до 9 денари и кај маслото за јадење каде што има постојан тренд на опаѓање на цената.

           Напоменуваме дека предмет на инспекциски надзор на Државниот пазарен инспекторат беа и се контроли по однос на почитувањето на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за ограничувањето на маржата на основните прехрамбени производи опфатени со оваа Одлука.

          Во текот на претходната недела се извршени 53 инспекциски надзори при што се констатира дека кај трговците на големо и мало нема отстапување од пропишани маржи кај основните прехрамбени производи.

         Државниот пазарен инспекторат и во периодот кој следи ќе продолжи со вршење на инспекциски надзори по однос на почитување на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија и ќе известува дали ќе продолжи трендот на намалување на цените на основните прехрамбени производи.

На 6-ти декември 2022 година се одржа работна средба помеѓу претставници на Државен инспекторат за контролана непрехранбени производи и заштита на потрошувачите и Национален институт за метрологија на Република Молдавија и Директорот и вработените во Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија.

Целта на посетата на делегацијата од Молдавија на Државниот пазарен инспекторат беше да се добие одговор околу начинот на кој ДПИ, во соработка со Бирото за метрологија (за што има склучено Меморандум за соработка), врши контрола на нафтените деривати кои се пуштени на пазарот на Република Северна Македонија.

Претставниците на Република Молдавија, заедно со Директорот и инспектори од ДПИ, како и претставници од Бирото за метрологија, практично излегоа на терен на 07-ми декември 2022 година со цел да се презентира начинот на кој ДПИ врши инспекциски надзор на нафта и нафтени деривати на бензиска станица во Скопје.
 
IMG 4506IMG 4506IMG 4506IMG 4506IMG 4506IMG 4506IMG 4506IMG 4506IMG 4506

На ден 22.11. 2022 година во просториите на Бирото за метрологија со директорката , Мерита Мустафи потпишавме Меморандум за соработка - Договор за уредување на  меѓусебните односи за начинот на  користење на  лабораторијата за тестирање на квалитетот на мазутот за потребите на Државниот пазарен инспекторат кој е надлежен за  контрола на квалитет на овој вид дериват .
Државниот пазарен инспекторат заради спроведување на законски и подзаконски  акти  врз основа на кои е надлежен да врши инспекциски надзор на квалитетот на течните  горива  во постапката за вршење на инспекциски надзор, согласно овој договор, ќе ја користи лабораторијата за испитување на квалитетот на мазутот на Бирото за метрологија.
👉Продолжуваме и понатаму во унапредување на работата и ефикасноста на ДПИ.

IMG 4431

IMG 4432

IMG 4433

IMG 4434

Во рамките на проектот финанисран од ЕУ “Зајакнување на внатрешниот пазар”, кој се спроведува во Министерството за економија, а чија четврта компонента е поврзана со работата на ДПИ, во Август 2022 година во Скопје, се одржаа две работилници, на која учествуваа вработените од сите одделенија на Инспекторатот.

Предавач на работилниците беше експертот од Словенија Андрејка Грлич, којашто има долгогодишно искуство во областа на надзор на пазарот, заштита на потрошувачите и проценка на ризик при истиот.

Целта на овие работилници е пренос на искуства и добри практики засновани на компетентност за проценка на ризик од земјите на ЕУ.

Оваа работилница придонесе за развивање и унапредување на досегашното знаење на Инспекторатот.

 

pic za veb 4pic za veb 4pic za veb 4pic za veb 4

Во Јули 2022 година во Скопје, се одржа работилница, во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар”, кој се спроведува во Министерството за економија, а чија четврта компонента е поврзана со работата на ДПИ, на која учествуваа инспектори од сите одделенија на Инспекторатот.

Предавач на работилниците беше господин Марк Гардинер, експерт од Англија, којшто има долгогодишно искуство во областа на надзор на пазарот и проценка на ризик при истиот.

Целта на оваа работилница е претставување на функционалната анализа на ДПИ, односно препораките за промени на истата. Оваа работилница придонесе за развивање и унапредување на досегашното знаење на Инспекторатот.

pic 2pic 2pic 2

Во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар”, кој се спроведува во Министерството за економија, а чија четврта компонента е поврзана со работата на ДПИ, во Јуни 2022 година во градовите Скопје, Охрид и Штип се одржаа работилници, на која учествуваа вработените од сите одделенија на Инспекторатот.

Предавач на работилниците беше господин Вирџинис Јусус, експерт од Литванија којшто има долгогодишно искуство во областа на надзор на пазарот и проценка на ризик при истиот.

Целта на овие работилници е претставување на методологија за надзор на Државниот пазарен инспекторат која се заснова на процена на ризикот, како и обука на пазарните инспектори за соодветната методологија. Оваа работилница придонесе за развивање и унапредување на досегашното знаење на Инспекторатот.

OHRID 2OHRID 4OHRID 5SKOPJE 1SKOPJE 3SKOPJE 11SKOPJE 9

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)