Вести
Петок Мај 17, 2024

Вести

На 20.05.2022 година, Вицепремиерката оствари средба со Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, на која од страна на Директорката беа презентирани  активностите кои ДПИ ги извршува согласно надлежностите кои ги има, а беа образложени и потребите кои ги има Државниот пазарен инспекторат со цел подобрување на квалитетот на работењето на институцијата.

 

http://vlada.mk/node/28891

 

На 31.03.2022 година во одделението Гостивар свечено се пуштија во употреба новите работни простории кои што се дел од вториот проект на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), каде што се изврши реконструкција на постоечките десет канцеларии и се обезбеди опрема во работните простории. За вработените во Гостивар овој проект овозможува подобрување на условите за работа, што ќе доведе до зголемување на ефективноста и ефикасноста на работењето.
 
Благодарност до ТИКА која преку заеднички воспоставената соработка ја препозна потребата од реновирање и опремување на работните простории на ДПИ во пооделни градови, а со една единствена цел да се зголеми квалитетот , ефикасноста и ефективноста на вработените и на институцијата .  Поддршката од страна на  Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)преку два одделни проекти ни овозможи да ги  подобриме условите за работа на вработените во одделението Гостивар и одделението Куманово.
 
 
IMG d9e8de2d423b98e04ac05c453981cd68 V
 
IMG 722326bf0abc93b06e5ac6553cd67ec7 V
 
IMG 292a346ab2f313159293744f6e2b2d60 V
 
IMG e11c66fd0e11b6fed482767ca04973e6 V

Проблемот кој се наметна околу испитувањето на квалитетот на мазутот и начинот предвиден со важечките закони ја наметна потребата да мобилната лабараторија со која располага Бирото за метрологија,  а која е акредитирана за испитување на квалитет на нафта и нафтени деривати поконкретно бензин и дизел гориво , да  ја набави соодветната опрема и да се акредитира и за контрола за квалитетот на мазутот .

IMG 016aecb6f87c70b076c230a9b4565017 V

“Денес  навистина ми претставува задоволство што еве за краток период соодветната опрема е веќе набавена и дека после постапката на акредитација ние како надлежен орган за контрола на квалитетот на нафтата и нафтените деривати ќе може да ја користиме за наши потреби а тоа секако ќе резултира со поефикасно и поекономично работење на Државниот пазарен инспекторат. Ова секако посебно ќе ни овозможи да проблемот што го имаме сега за користење на акредитирана лабараторија за суперанализа доколку се појави потреба за нас ќе биде целосно надминат , што ни беше и голема пречка за соодветно и законски да ја реализираме јавната набавка за ангажирање на лабаратории за испитување на квалитетот на мазутот.

IMG 78e455febb29d3389dbe998b0f34541c V

Уште еднаш сакам да го изразам моето задоволство од денешното промовирање на лабараторија за анализа на мазут согласно  Правилникот за квалитет на течни горива и  вредности на параметрите согласно    стандардот МКС Б.Х2.430 за   квалитет на мазутот  и воедно да нагласам дека ова ќе значи воспоставување на систем за контрола на квалитетот на течните горива кој ќе овозможи континуирана контрола  каде бирократските процедури и секако трошоци ќе бидат намалени , а граѓаните ќе можат да бидат сигурни во квалитетот на  производите во овој случај мазутот .  Благодарност на Министерот за економија  и на Владата што секако ги зеде во предвид сите укажувања ја согледа реалната потреба и еве денес  сме сведоци на реализација на конкретни активности. Очекувам многу брзо по добивањето на акредитацијата да го прошириме мемурандумот за сорбаботка со Бирото за метрологија и покрај анализата и земањето на примероци за  бензинот и дизелот  ќе ни бидат овозможени и услуги во земање на примероци и анализа на мазут. Ова за нас како ДПИ ќе значи намалување на трошоците за анализа кои ги имаме кон други акридитирани лабаратории и создавање услови овие средства да се искористат за зголемување на капацитетите  и подобрување на условите за работа на   ДПИ , за да бидеме уште поефикасни.  “ Истакана  Директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска

IMG b6186415ae28da85cce02b01c9dce757 V

 

Интензитетот на онлајн купување од страна на македонските граѓани е во постојан пораст. Е-купувањето особено дојде до израз во текот на изминатата 2020 година кога поради пандемијата голем дел од бизнисите започнаа да се преориентираат онлајн. Напоредно со тоа, и граѓаните масовно започнаа да практикуваат да купуваат онлајн. 

Сето ова придонесе за отворање на можност за физички и правни лица, најчесто користејќи ги социјалните медиуми како канали за продажба, да може да “продаваат“ онлајн без притоа целосно да ги запазуваат законските обврски, а со самото тоа да бидат класифицирани во делот на сивата економија. За ова разговараме со В.Д. директорката на Државен пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

АЕТМ: ДАЛИ МОЖЕ ДА НИ КАЖЕТЕ КОЛКУ ПРИЈАВИ ИМААТ ПРИСТИГНАТО ДО ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ДО ВАС ВО ТЕКОТ НА 2020, КАКО И ВО ТЕКОТ НА ОВАА ГОДИНА ОД ПОТРОШУВАЧИ КОИ НАРАЧАЛЕ ОНЛАЈН И БИЛЕ ОШТЕТЕНИ НА БИЛО КАКОВ НАЧИН? ЗА ШТО НАЈЧЕСТО РЕАГИРААТ ГРАЃАНИТЕ ВО СВОИТЕ ПРИЈАВИ?

Анета Симеска Димоска: Во текот на 2020 година кога и е-купувањето посебно доби на интензитет, до Државниот пазарен инспекторат пристигнати се 76 пријави од граѓани само по електронски пат, а додека оваа година бројката само до крајот на месец ноември изнесува над 140 само по електронски пат. Овде ќе напоменам дека пријави од граѓани за онлајн трговија пристигаат и во другите одделенија на ДПИ низ државата кои се дополнително од оваа бројка. Ова покажува дека се повеќе граѓани пријавуваат неправилности по однос на онлајн купувањето.

Инспекцискиот Сoвет заедно со инспекциксите служби, Министерство за информатичко општество и администрација, меѓународнини донатори и секако со директна поддршка од Владата и Вицепремиерот Николовски  интензивно работеше на разивање на системот е-инспектор со кој треба да се поддржат сите активности од постапките во инспекциските служби, да се дигитализира работа на инспекторите и да се обезбеди директен електронски пристап до податоците кои се неопходни во инспекциската постапка од различни државни инситуции , како на пример Централен регистар, Агенција за вработуваљње , Царинска управа.

Со  дигитализацијата на  инспекциската постапка всушност се воведуваат новини особено во фазата на  планирањето на надзорите, односно каде и кога ќе се врши надзорот, но исто така се обезбедува и автоматко генерирање на записниците и решенијата кои произлегуваат  од оваа постапка.

nikoloski

За да може сето ова да функцинира беше неопходно да се изготват голем број на документи кои произледуваат од Законот за инспекциаки надзор а тоа се:

– повеќе од 200 Листи за проверка ( Чек листи) кои задолжително ќе се користат при редовните надзори, како и

– 28 Методологиите за процена на ризик ,  во кои се утврдени критериумите за определнување на степенот на ризик на субјектите на надзор во однос на почитување / непочитување на законските обврски.

На овој начин, во иднина, со полнење на базата на податоци со информации за субјектите на надзор добиени од претходните надзори, во смисла дали и кои законски обврски ги исполниле или не ги исполниле, системот ќе биде во можност да ги класифицира субјектите на надзор на високо, средно и ниско ризични субјекти и во зависност од степенот на ризик соодветно автоматски ќе се планираат надзорите.

Директоркатана Државен пазарен инспекторат м-р Анета Симеска Димоска одржа работна средба со Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, Генералниот секретар Трпе Деаноски и Претседателотна Синдикалната организација при Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Зоран Димитријоски, накоја разговараа за повеќе актуелни прашања.

Во просториите на Царинската управа денес се одржа состанок со Државниот пазарен инспекторат. На состанокот беа разгледани практичните аспекти за размена на податоци и информации за ефикасни контроли, како и протоколот за соработка при вршење на заеднички контроли при увоз на масло за горење-мазут.

На иницијатива на Извршната директорка на Сојузот на Стопанските комори на Македонија, вчера (07.09.2021 година) во просториите на Државниот пазарен инспекторат се одржа средба помеѓу В.Д. Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска и Извршниот директор на Сојузот на Стопански комори на Македонија, Христина Стојановиќ.

На средбата се разменија информации за работењето на Сојузот на стопански комори на Македонија и Државниот пазарен инспекторат секоја од свој  домен на надлежност и во насока на идна соработка од заеднички интерес беа разгледани можности на мерки и активности кои ќе бидат превземени, а со цел да се влијае на унапредување на деловното опкружување и бизнис климата во државата како и за намалување на сивата економија и подобрување на конкурентноста.

2

Како институција која е надлежна за надзор по многу Закони од облата на трговијата , услугите и производството од страна на директорката на ДПИ беше  истакнато дека нашата интенција е да  бидеме отворени за соработка кон компаниите и да она што ни е примарна цел ,-почитување на законската регулатива ,  да ја оствариме со спроведување на начелото на превентивност во нашето постапување. Воедно беа договорени и конкретни активности кои ќе бидат организирани од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија, а на кои ќе земе учество и Државниот пазарен инспекторат со свои претставници.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)